Рубрика: Информатика
Песочниот мост на Интел
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Конечно се крена велот кој ја обвиткуваше архитектурата на новите Интел процесори наречена SandyBridge и која беше предмет на различни нагаѓања и шпекулации во текот на 2010 година. Со тоа се разјаснија неколку дилеми – кои сегменти од пазарот ќе ги покријат првите модели, компатибилност со постојаната архитектура, какви ќе бидат нивните перформанси и сл.

SandyBridge процесорите ќе се изработуваат во 32 nm литографија и го претставува "tock" чекорот во "tick-tock" стратегијата на Интел, односно нова архитектура заснована врз веќе постоечкиот/усвоениот производствен процес.
Масовната продажба на SandyBridge процесорите и соодветните матични плочи ќе ги одбележат првите два месеци на оваа, 2011 година. Веќе се појавија неколку модели на матични плочи наменети за нив. Дотогаш да ја погледнеме подетално новата архитектура и да го дочекаме песочниот мост на Intel подготвени :-).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.