Емитер 12/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ласерските печатачи веќе одамна се "одомаќени" во средните и големи фирми, а од неодамна станаат ценовно подостапни и за малите бизниси и за домашните канцеларии. Имено, денес црно-бел ласерски печатач може да набавите за малку пари, некои модели чинат дури околу 3000 до 4000 денари, иако за пристоен ласерски печатач во боја ќе треба да издвоите околу 10 000 денари. Иако во старт ласерските печатачи сè уште се поскапи од нивните инкџет колеги, тие сепак имаат низа предности како поголемата брзина на печатење и честопати пониските трошоци за одржување. Постојат голем број фактори кои треба да се разгледаат при одлуката за купување ласерски печатач. За да ви помогнеме во процесот на одлучување, во овој напис ќе ги наведеме најважните работи на кои треба да обрнете внимание при изборот на ласерски печатач.
Ласерските за разлика од инкџет печатачите користат сосема различна техника при печатењето на документи и слики. Кај инкџет печатачите постапката е приближно следна: мастилото од кертриџот се нанесува на главата од печататот. Преку неа мастилото се нанесува на медиумот за печатење во кој навлегува и со кој се врзува. Овој начин на печатење ги прави инкџетите неприкосновени при печатењето на слики со висок квалитет, печатење врз сјајна хартија и им овозможува верен приказ на боите на отпечатокот.
Ласерските и LED печатачи создаваат дигитална слика на цилиндар, кој потоа се тркала низ тонерот (кој е во форма на прав), за потоа наносот да го пренесе врз хартија. Тоа се врши на следниов начин: светлината емитувана од ласерот на печатачот (или од низата LED диоди) удира на цилиндарот вршејќи промена на поларитетот на статичкиот полнеж и магнетизирајќи одредени делови од него (деловите каде што треба да се залепи тонерот). Цилиндарот потоа се тркала низ тонерот кој се лепи за намагнетизираните делови од него. На крај цилиндарот преминува преку хартијата, а тонерот со загревање се лепи на хартијата без да навлезе во неа. Овој начин на печатење ласерските печатачи ги прави незаменливи за прецизно печатење на текстуални документи, но токму поради него тие вообичаено потфрлуваат при верниот приказ на бои и фотографии.
Сега, откако сме ги разгледале предностите и маните на двата вида печатачи и сме решиле дека ласерските печатачи се токму она што ни треба, да ги разгледаме дел по дел ставките на кои треба да обрнеме внимание.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.