Иако целта беше собирање на најмалку 10 илади долари проектот PrintPods досега на платформата Kickstarter веќе собра над 150 илјади американски долари за изработка на “најнапредниот рачен печатач за секаков вид површина “, како што го тврдат неговите творци.
Овој рачен печатач се поврзува директно со паметниот телефон на кој се врши подготовката на текстот или на графиката којашто треба да се испечати. Подготовката се врши со соодветна апликација, изработена од креаторите на печатачот. Откако ќе бидете задоволни од подготовката, сè што е потребно е уредот да го земете во рака и да повлечете на површината врз која сакате да испечатите – и тоа е тоа.
PrintPods на овој начин печати на дрво, пластика, метал, ткаенина, кожа, камен, керамика и слични материјали, а подлогите може да бидат и рамни и груби, се чини дека на малиот печатач му е сеедно. Што се однесува до видот на мастило, да спомнеме како куриозитет дека печатачот ги поддржува дури и оние наменети за печатење на привремени тетоважи, па може да се користи и за печатење директно на кожата. За класична употреба печатачот користи регуларни трајни мастила за отпечаток на други подлоги, како и употреба на т.н. “невидливо” УВ-мастило кое се прикажува само при ултравиолетово осветлување. Едно пакување на боја е доволно за дури 3 500 отпечатоци, со ширина од 26 mm.
Печатачот работи на батерии, односно има 7,4 V / 500mAh батерија на полење која овозможува да се направат и до 1000 отпечатоци со едно полнење.
За заинтересираните вредно е да споменеме дека со поддршка од 109 американски долари на проектот на Кикстартер, може да резервирате за себе еден примерок од малиот, рачен печатач. Секако, ако бидете доволно брзи да ја и за early bird цена (во моментов додека го пишуваме овој текст останати се уште 17 вакви пакети). Испораката е планирано да започне во октомври, а кампањата за собирање средства трае до 14 август.