Рубрика: Аудио и видеотехника
Bose во Македонија
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Токму на преминот од старата во новата 1998 година, нашиот аудио пазар беше збогатен со уште еден производител на звучници, звучнички системи и електроника. Станува збор за реномираната американска фирма BOSE. Во вид на Новогодишен поклон, пред македонските потрошувачи, за првпат во организирана продажба, беше претставена целокупната гама на BOSE, која опфаќа производи за сечии џеб и вкус. По исчезнување на двајцата дистрибутери за TANNOY, на нашиот пазар се почувствува сериозен недостаток од квалитетен производител на звучни кутии, чија програма опфаќа како производи за домашна употреба, така и производи за професионална употреба. Познавачите на аудио техниката можат да потврдат, дека одговорот во вид на BOSE е вистински погодок.

Како што реков, BOSE е американска компанија, основана од Д-р. Амар Г. Босе (Dr. Amar G. Bose), професор по Електронски Инжинеринг и Компјутерски науки на Масачусец Институот за Технологија (Massachusetts Institute of Technology (M.I.T.)). Дванаесет години го изучувал звучничкиот дизајн и психоакустика или наука за човечка перцепција на звукот. Неговите сознанија резултираа со тотално нов критериум според кој се оценува изведбата на звучниците, и дизајнерски концепт кој е радикално поинаков од конвенционалните звучнички системи. По повеќе од триесет години постоење, оваа компанија може да се пофали дека воспоставила уникатни критериуми и стандарди за своите производи, кои се синоним за квалитет и врвна репродукција по прифатлива цена.

Во производите на BOSE е вградена врвна технологија. Експериментирањето и примената на нови материјали во служба на добриот звук и постигнување на што подобри резултати, е нивен приоритет од самото основање. Многуте пронајдоци во сферата на забавната и професионална акустика, придружени со квалитет без компромис се само некои од причините, поради кои производите на BOSE се применуваат онаму, каде што само најдоброто е доволно добро. Така нивните производи се застапени на врвните спортски (посебно во специфични климатски услови) и културни манифестации, во автомобилите од највисока класа (Mercedes-Benz S-class, Aston-Martin....), воената авијација на U.S.A., па дури и во вселенските летала на N.A.S.A....

Нивниот рекламен слоган гласи - Ако музиката е важен дел од вашиот живот- порано или подоцна ќе имате BOSE систем. Ваквата самоуверена изјава е резултат на постигнатите резултати, а самиот изглед и квалитет на рекламниот материјал само ве уверува во сериозноста на оваа компанија. Палетата на производи е богата и разновидна, од мултимедијални и компјутерски звучници, до високо професионални звучнички системи.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.