Рубрика: Астрономија и астронаутика
Аномалијата на Пионер 10 и 11
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пионер 10 и 11 биле првите сонди кои поминале низ астероидниот појас и пролетале покрај Јупитер, а Пионер 11 пролетал и покрај Сатурн. Тие ги извршиле првите научни испитувања на овие планети, но нивната основна задача била да обезбедат информација за средината околу овие планети со кои ќе се сретнат сондите Војаџер 1 и 2 кои носеле повеќе и пософистицирани инструменти. Оваа улога тие ја извршиле мнногу успешно, но како што се покажало подоцна, нивниот значај можеби ќе биде поголем во откривањето на загатката позната како аномалијата на Пионер - чудното забавување и отстапување од предвидената траекторија на летот.

Аномалијата на Пионер ја открил уште во 1980 година Џон Андерсон (John Anderson), кој во тимот кој работел со Пионерите бил задолжен за небеска механика. Аномалијата се состоела во забрзување на двете сонди во правец на Сонцето од приближно 8,74 m/s2. Забавувањето е измерено како доплерово поместување на фреквенцијата на радиосигналите од сондите. Бидејќи пионерите патувале во насока спротивна од Сонцето, ова се манифестирало како намалување на нивната брзина. Бидејќи ова забрзување кон Сонцето е само десетто милијардити дел од забрзувањето во Земјината тежа, Андерсон го занемарил, сметајќи го како грешка во мерењето или опремата. Сепак, до моментот кога била изгубена врската со нив, пионерите отстапувале од нивната предвидена позиција околу 400000 km. Ова било доволна причина да се испита отстапувањето.

Исправки и дополнувања:
Испуштен степен во "Аномалијата на Пионер 10 и 11" од Емитер 11/10

Во наведениот напис на стр.18 во првата реченица од третиот столб:
"Аномалијата се состоела во забрзување на двете сонди во правец на Сонцето од приближно 8,74 m/s2" испуштен е степенот 10-10, така што точната бројка гласи 8,74•10-10 m/s2.


Клучни зборови:

Цртеж на еден од пионерите во меѓуѕвездениот простор.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.