Рубрика: Електроника
Тритонски гонг
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали сè уште го имате старото електрично ѕвоно кое бушејќи го мозокот ви ги најавува гостите? Можеби имате електромеханички гонг чија пријатен звук можат да го чујат само оние кои стојат на влезната врата? Ние ви нудиме нешто подобро: електронски гонг со интегралното коло SAB 0600. Неговиот милозлив звук во три тона пријатно ќе ви ги најави дури и непријатните посетители.

Интегралното коло SAB 0600 е монолитен тритонски гонг за чија работа е потребен минимален број надворешни компоненти. Со RC членот приклучен на пиновите 6 и 7 од интегрираното коло се одредува носечката фреквенцијата на осцилаторот во колото. Оваа фреквенција понатаму се дели на три фреквенции со кои се одредува висината на секој тон, а една од нив ја дава временската база за одредување на времетраењето на ѕвонењето. За секој од дигитално генерираните тонови е предвиден по еден D/A конвертор, кој го дава напонот на ѕвоното. Излезниот НФ засилувач може директно да побудува 8-омски звучник, при што излезната моќност изнесува околу 160mW. Излезниот напон е приближно правоаголен.

Нашиот изработен прототип на тритонски гонг(лево); Тритонскиот гонг изработен од нашиот читател Сашо Филиповски од Битола (десно)

Поради малата потрошувачка во состојба на мирување колото може да се напојува и од 9V-на батерија. Малата потрошувачка во состојба на мирување ја овозможува интерниот стабилизатор на напон кој е активен само за времетаење на ѕвонењето, а потоа сам се исклучува.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: 980702

ИК: MC7812CT, SAB0600, LM380N

 
Клучни зборови:

Изработениот прототип на тритонскиот гонг


Тритонскиот гонг изработен од нашиот читател Сашо Филиповски од Битола

Тритонскиот гонг изработен од нашиот читател Сашо Филиповски од Битола

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.