Емитер 10/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Започнуваме со серијал од четири продолженија во кој ќе се осврнам на денешниве современи автомобилски автоматски менувачи (преносници). Во овој напис ќе го разгледаме само современиот класичен автоматски менувач со планетарни слогови. Иако сериозните почетоци за неговата комерцијална примена датираат уште од средината на 30-тите години на минатиот век, до денеска многу што се има променето. Упорно се држи на пазарот (во САД), а за поголемите (потешките) модели на автомобили е незаменлива опција. Ќе кажам збор-два и за неговите недостатоци, чии напори за нивно надминување во изминатите десетлетија доведоа до појава на нови, поелегантни и поуспеши решенија што резултираа и со појавата на уште три нови комерцијални концепти на современи автоматски менувачи што ќе бидат следни теми на серијалов.
Најнапред сосема кратко за концептот на серијалов за современите автоматски менувачи. Ќе има четири продолженија од кој првото ќе биде посветено на класичните (со планетарни слогови) модерни автоматски менувачи, второто ќе биде посветено на роботизираните механички менувачи, третото продолжение ќе биде посветено на автоматските менувачи со двојна спојка (DSG преносници) и на крајот, во четвртото продолжение ќе бидат разгледани варијаторите, т.е. автоматските менувачи со континуирана промена на преносниот однос. Главно, ова се четирите современи комерцијално реализирани принципи на автоматски преносници (менувачи) за автомобилите.
Во оваа прилика накратко ќе го разгледаме современиот класичен автоматски менувач со планетарен слог. Сепак, да го објаснам името на овој преносник за да нема забуни и произволни толкувања. Автоматски значи дека преносните степени самостојно (автоматски) се менуваат и тоа без никаква наша интервенција (опционо: можеме и самите да ги менуваме степените на пренос). Класичен значи дека се работи за стариот добро познат автоматски менувач кој како концепт бил поставен пред втората светска војна, а по неа доживува интензивен развој и комерцијален успех, пред сè, во САД. Со планетарен слог затоа што основата за пренос на силината и промена на степените на пренос се врши преку планетарен запчест преносник, популарно наречен планетарен слог (за ова повеќе види во ЕМИТЕР 6/03). Современ, затоа што денеска, благодарејќи на брзиот развој на механиката и компјутерската техника вклучително и управувањето воопшто (мехатронички системи), функционирањето на автоматските менувачи е доведено на многу високо рамниште кое било незамисливо да се постигне во минатите децении и со средства и методи на управување и контрола што тогаш им биле на располагање на инженерите.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.