Емитер 5/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој текст ќе биде опишан еден интересен уред, со кој можете да се пошегувате со блиските пријатели. Пред неколку месеци во рубриката "Теорија и апликации" беше објавен текстот "Електронски тропкач" со слична намена, но заради тоа што во колото се користи калем електроничарите почетници се најдоа пред голем проблем. Уредот кој е опишан во продолжение е едноставен и не содржи калеми, па затоа се надевам дека нема да претставува проблем да се направи и да проработи веднаш. За проектот да биде уште поприфатлив употребени се делови кои можат да се набават скоро во сите продавници за електронски делови (па дури и во сервисите за електронска опрема). Уредот за кој станува збор е многу едноставен и може да го изработи секој почетник.
При подготовката на овој проект се потрудив во уредот да бидат искористени елементи кои може да се најдат насекаде за да биде прифатен од поголем број на почетници за кои недостатокот на специјализираните елементи претставува тежок проблем. Затоа се надевам дека овој уред ќе има голем одзив кај читателите на ЕМИТЕР. Можеби некои почетници ќе се уплашат од неуспех кога ќе видат дека во уредот се користи интегрирано коло, но тоа не е оправдување за да не пробаат да го изработат овој едноставен и интересен уред.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.