Рубрика: Аудио и видеотехника
Звукот во визуелните медиуми
Автор: Миле Серафимовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-12/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога звукот и сликата се комбинирани за да создадат една целина, тие се еднакво важни и се надополнуваат еден со друг. Евентуалните тврдења дека само сликата или само звукот може да опстојат сосем сами се навистина несериозни. Причините за таквите тврдења може да потекнуваат од несоодветната интеграција на двата медиума во некоја програма.

За согледување на меѓусебното влијание на сликата и звукот кај визуелните медиуми многу е поучен еден едноставен експеримент, во кој при гледање телевизија се исклучува звукот; тогаш лесно се уочуваат следните факти:

1. повеќето информации и суштината на практично целата продукција се содржани во звукот;

2. повеќето слики помалку или повеќе ја губат реалистичноста и влијанието кога не може да се чуе придружниот звук;

3. на гледачот му е потешко да ја одржува концентрација, дури и кај материјалите со богата визуелност, доколку не може да чуе звук што е барем во некаква врска со сликата. Некогашната, стара идеја за музичка придружба (најчесто со пијано) на немиот филм беше само груб обид, се разбира за сегашните сфаќања, да се истакне емотивната порака на сликата и да се помогне во одржување на концентрацијата со ангажирање на сетилото за слух; покривањето на бучавата од аудиториумот притоа е посредна добивка.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-12/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.