Рубрика: Аудио и видеотехника
Говорот на звукот (1)
Автор: Миле Серафимовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Човечкото уво е приемник на звукот преку кој добиваме мноштво информации, сакани или несакани. Тоа е во состојба да разликува многубројни карактеристики на звукот и врз основа на тоа да ни ја издвои потребната информација. Благодарејќи на сложената градба тоа е осетливо и има можност, заедно со мозокот, да врши анализа и обработка на добиените податоци.

Звукот, емитиран од звучните извори, постои секаде во средината во која живее човекот и може да влијае на неговите умствени и физички активности. Звукот што носи корисна информација е посакуван и корисен; меѓутоа, бучавата, шумовите или звуците што вознемируваат или пречат при воспримањето на корисните информации се сметаат како несакани. Звуците може да потекнуваат од природни или од вештачки извори на звук. Од настанувањето на човекот се одвивал неизбежен еволуциски процес на човековото приспособување на звуците од природните и од вештачките извори и нивното меморирање во свеста, што значи дека човекот секогаш е свесен за звучната околина благодарејќи на стекнатото слушно искуство. Сето тоа е можно благодарејќи на сложениот, и сè уште до крај необјаснет механизам на слушниот процес, кој започнува со увото.
Проучувањето на градбата на увото припаѓа на физиологијата, додека, пак, проучувањето на човечкото воспримање (перцепција) на звукот потпаѓа под психологијата. Психоакустиката е термин кој ја опфаќа физичката градба на увото, патиштата на звукот, воспримањето на звукот и, на крај, нивните меѓусебни односи.

Анатомски пресек на увото

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.