Рубрика: Автомобилска техника
Електрично активирана паркирна кочница
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Колку би било добро, наместо рачката од рачната кочница да има некое копче со кое оваа кочница без никаков напор би се активирала. Колку би било добро, на нагорнина, наместо да ги изведуваме врвните возачки вештини за тргнување "под рачна", тоа така автоматски и елегантно да се направи само со едноставно притискање на педалот за "гас" на веќе закочениот автомобил. Колку би било добро, со самото запирање на работата на моторот и извлекувањето на клучот од бравата, паркирната кочница автоматски да си се активира, а деактивацијата да е, исто така, автоматска со самото задвижување на автомобилот. Колку би било добро... Точно така, во право сте: сето погоре споменато е веќе реализирано и засега функционира како сериска опрема во некои од луксузните автомобили. Ќе се запознаеме со EPB и нејзините деривати EHP и elPB.

Под EPB (Electric Parking Brake) ќе го подразбираме општиот заеднички назив за сите варијанти на паркирни сопирачки кои автоматски со помош на струја се активираат и деактивираат. (Напомена: кај нас популарен назив за паркирна сопирачка е "рачна кочница".) Веднаш се забележува дека овие системи припаѓаат во групата Drive By Wire мехатронички системи, што во превод би значело управување преку "жици", т.е. електрични спроводници.
Наједноставната, т.е. најпримитивната варијанта на EPB е онаа која со релативно едноставен централен електромеханички актуатор се произведува сила која ги повлекува сајлите од паркирната сопирачка - се работи за чиста електромеханика без повратни врски (информации). Подобра и пософистицирана изведба е "дериватот" чија кратенка е EHP - се работи за компјутерски управувана електромеханика потпомогната од хидраулика и, можеби во моментов, најдобрата изведба наречена elPB, при што со иновативен чисто електромеханички механизам, кој е компјутерски управуван, на елегантен начин ја извршува поставената задача, а и многу повеќе од тоа. Во продолжение, накратко ќе ги претставам овие три карактеристични системи чија заедничка карактеристика е што нивното активирање (задолжителна опција) е со прекинувач кој се наоѓа на соодветно место на централната конзола во кокпитот.

Клучни зборови:

Поврзување на сајлите со централниот електромеханички актуатор кај кит-верзиите на EPB при нивна преправка.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.