Рубрика: Електротехника
Дали штедливите електрични светилки се само штедливи?
Автор: Миле Серафимовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денешново опстојување на Земјината топка е обременето со обидите на човештвото да ги намали причините за глобалното затоплување. Во тие рамки, во земјите на Европската унија во тек е организирано повлекување од пазарот на класичните светилки и нивна замена со штедливите флуоресцентни светилки. Таа акција е започната минатата година и ќе трае до 2016 година. Основното што го знаат обичните луѓе за штедливите светилки е дека даваат повеќе светлина за иста потрошена електрична енергија во однос на вообичаените, класични светилки. Меѓутоа, како и во секоја работа, и овде би било погрешно на нештата да се гледа само од еден аспект.

Повеќе години наназад сведоци сме на очигледно масовно навлегување на т.н. штедливи светилки за сметка на стандардните светилки со зажарено влакно (инкадесцентни светилки).
Овие штедливи светилки се наречени компактни флуоресцентни светилки (КФС) за да се разликуваат од вообичаените флуоресцентни светилки во облик на цевка. Во КФС е вградено електронско коло кое ја овозможува нејзината работа, а приклучувањето се врши преку познатото, вообичаено подножје Е27 или Е14, за да може лесно да се врши замена со класичните инкадесцентни светилки.
Но освен заштедата на енергијата, која е неспорно позитивна работа, приказната за КФС светилките има и друга страна која не е толку убава. Прочитајте повеќе во текстот што следува!

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.