Рубрика: Енергетика
Сончева енергија (3)
Автор: Драган Јовановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Фактот дека живееме во време на изразена енергетска криза, треба да биде наш најголем мотив да искористиме нешто што е бесплатно. Со користење на сончевата енергија добиваме бесплатна енергија и чиста околина. Во овој трет и последен дел од овој напис за искористување на сончевата енергија, како и во претходните два броја на ЕМИТЕР, читателите ќе се запознаат со сè она што е потребно за да се изгради систем за загревање на санитарна вода. Многу од вас само ќе го надополнат она што веќе го знаат или можеби ќе добијат сосема нова идеја за градба на сончеви колектори. Во секој случај, она што се произведува во специјализираните фирми може да се изработи и во аматерски услови на начин кој самите ќе си го изнајдеме со помош на советите од ЕМИТЕР.

Сите поединечни делови на соларните уреди за загревање на санитарна вода, треба да се постават правилно со што би се постигнала најдобра функционалност и искористеност на благодатта што ни ја дава Сонцето. Бидејќи колекторите се многу важен дел од секој соларен систем, најпрво ќе стане збор токму за нив. За да може од колекторот да се искористи што повеќе енергија, постојат одредени правила до кои треба да се придржуваме при поставување колектори. Максимална искористеност на сончевата енергија би била во случај кога колекторите би го следеле Сонцето. Направите за следење на Сонцето се прескапи и се користат само кај концентрирачките колектори. Затоа колекторите се вградуваат под агол кој одговара на географската ширина на местото на кое е лоциран колекторот. Скопје се наоѓа на 42° географска ширина, а Битола на 410. Како заокружена вредност во понатамошниот текст ќе ја земеме географската ширина од 450, за која во литературата имаме податоци во врска со астрономскиот календар.

При поставувањето, аголот на накосеност на колекторот нормално дека ќе биде условен од накосеноста на покривот, па затоа треба да се биде подготвен на дополнително усложнување на работата при изработката на носачот на колекторот.
Колекторите можат меѓусебе да се поврзуваат со цевки на три начини: паралелно, сериски и комбинирано. Ако се работи за помал број на колектори најподобен начин е паралелното поврзување. Останатите два начини на поврзување се применуваат нешто поретко. 
За да се спречат губитоците на топлина, целиот систем мора да биде правилно термички изолиран.

Степенот на ефикасност зависи од низа фактори како што се: квалитетот на колекторите, големината на изменувачот на топлина, должината на цевките, видот на изолација, метеоролошките услови, зрачењето на Сонцето и други.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.