Соларните ќелии може да бидат интегрирани со батерии во еден уред што ефикасно ќе ја собира, складира и ќе ја ослободува сончевата енергија, дури и кога Сонцето не свети.
Сонг Џин од Универзитетот Висконсин-Медисон, заедно со неговите колеги, направија спрега од ефикасни фотонапонски ќелии и високонапонска батерија. Сончевата енергија што се собира во ќелиите директно се прифаќа во батеријата којашто користи течни електролити за понатаможно складирање на енергијата во хемиска форма.
Оваа батерија ја конвертира, складира и ја испорачува сончевата енергија во вид на електрична енергија, при што постигнува рекордна ефикасност од 14,1%. Истражувачите укажуваат дека се можни и понатамошни подобрувања на батеријата, којашто може да ја отвори вратата кон поширока употреба и складирање на сончевата енергија на места каде што не постои можност за директно поврзување на електричната мрежа.
Откритието е објавено во Chem.