Рубрика: Информатика
Интервју: ДаркоСпасовски - Организација Слободен Софтвер Македонија
Автор: Драган Јованоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ова е првото од серијата интервјуа што периодично ќе следуваат во наредните изданија од нашето и Ваше списание ЕМИТЕР, со цел да откриете битни моменти и настани директно од личности кои влијаеле на развојот на науката и техниката во Република Македонија. За ова прво интервју имав голема чест соговорник да ми биде господинот Дарко Спасовски, човек со богато информатичко минато, програмер, систем администратор, а она што посебно е интересно, а воедно е и тема од ова интервју, еден од основачите на Организацијата Слободен Софтвер Македонија. Но, да оставиме господинот Спасовски да ни каже нешто за себе и својата работа.

...

ЕМИТЕР: Како се случи формирањето на ОССМ?

Д. С.: Може да се каже дека формирањето на Организацијата Слободен Софтвер Македонија се случи спонтано, и беше резултат на желбата на неговите основачи за поголема популаризација и промоција на слободниот софтвер во Македонија. Идејата за формирање на оваа невладина организација се крчкаше подолго време, а главни иницијатори беа луѓето зад сајтовите mksoftver.org, linux.net.mk и bagra.org, како и редовните посетители на usenet групата mk.comp.os.linux.Нашите мотиви зад идејата за формирање ваква организација беа повеќе алтруистички отколку комерцијални, па затоа уште на почетокот беше одлучено организацијата да биде регистрирана како непрофитна. После неколкумесечното одолговлекување на регистрацијата од бирократски причини, на 28. октомври 2002 година во кафулето “Пингвин Паб” во Скопје беше одржано Основачкото Собрание на коешто беше донесена одлуката за основање на Организацијата Слободен Софтвер Македонија. Во тој момент организацијата броеше 15 члена.

...

ЕМИТЕР: Остваривте ли контакти со надворешни компании?

Д. С.: За нашата работа изразија интерес повеќе македонски компании, и досега имавме соработка со OnNet, Акцент Компјутери, Неоком, МакМедиум/PCInfo+, Plugin, Codex, Еурека и др. Некои од нив го спонзорираа излегувањето на CD-то OpenOffice на македонски на саемот Инфоком 2003, а други ни помогнаа како финансиски така и во организацијата на преведувачките маратони. Голема благодарност до нив.

...

ЕМИТЕР: Каков е вашиот став кон пиратскиот софтвер и дали би промениле нешто во законот за авторски права?

Д. С.: Гледано од морално-етички аспект, и уште повеќе од аспект на програмер, сметам дека софтверското пиратство е лошо – луѓето што го прават тој софтвер мора да живеат од нешто, нели? Од друга страна, ако странските софтверски компании не планираат ништо посебно да ѝ понудат на Македонија при влез на нашиот пазар – од типот: локализирана верзија, бесплатна техничка поддршка, цени прилагодени на нашиот стандард, и сл. – мислам дека пиратеријата ќе продолжи да цути, само во малку подзатскриена форма. Од друга страна, постои алтернатива која нашата организација и ја промовира, а тоа е слободниот софтвер. Што се однесува до законот за авторски права, не сум запознаен со неговата содржина, па не би можел да коментирам.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.