Емитер 2/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Секоја нова инсталација на оперативниот систем Windows работи брзо и ефикасно. Таа состојба полека се менува, на полошо се разбира, во оној момент кога ќе почнеме да инсталираме разни програми кои ни се потребни за работа. Па, и во таква ситуација, Windows ќе продолжи солидно да ја извршува својата работа. Поголемите проблеми почнуваат тогаш кога корисникот ќе започне со деинсталација на некои програми. Познато е дека при оваа деинсталација, програмите оставаат "траги" зад нив, што меѓу другото подразбира и разно-разни клучеви во регистрите. Така, по одреден период, регистрите на Windows остануваат "напумпани" со податоци што не му се потребни на оперативниот систем и кои само ја отежнуваат и ја забавуваат неговата работа. Единствено решение во оваа ситуација е нивно чистење.
За чистење на регистрите постојат повеќе софтверски решенија. Честа грешка на неискусен корисник е употребата на софтвер кој е од сомнителен производител, но исто така и користењето на ваквиот софтвер на погрешен начин. Така, можно е да се направи поголема штета отколку корист. Да повториме: регистрите претставуваат основа на оперативните системи Windows. Секоја можна информација за системот се чува во регистрите како инсталиран софтвер, управувачка програма за постоечкиот хардвер и многу друго.
Друго што сакам да потенцирам како проблем со регистрите е и појавата на мешаница во регистрите, односно расфрланост на поставките, што одзема време за нивно пронаоѓање, продуцира грешки и честопати може да го направи системот нестабилен. Значи, треба да се направи одредено средување на податоците во регистрите – овој процес потсетува на дефрагментација на податоците на тврдите дискови.
Постојат низа софтверски решенија кои можат да извршат средување на регистрите, поправка на грешките како исчезнати DLL, некоректни екстензии на датотеки, погрешни патеки што егзистираат во регистрите, непостоечки shortcut-ови, лоши линкови до програми кои треба да се стартуваат при подигнување на Windows-от и низа други проблеми. Во продолжение на написов, ќе ви претставам неколку вакви бесплатни апликации.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.