Емитер 2/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Стиропорот има примарна улога во композитните системи за надворешна топлинска изолација (КСиНТИ). Меѓутоа, тој е и најделикатната компонента во еден систем. Непознавањето на неговите специфични својства и непреземањето технички мерки за амортизирање на неговите негативни влијанија во системот, како што е повеќегодишното димензионално стабилизирање, може да има несакани последици по трајноста на системот.
Како топлинско-изолациски материјал, стиропорот во системот има примарна улога, но истовремено тој е и најделикатниот материјал кој бара комплетно познавање на сите негови својства, со цел системот да функционира долготрајно и без проблеми. Во кратки црти ќе ги објасниме најбитните својства на стиропорот.
Кога станува збор за густината (волуменската маса) на стиропорот наменет за употреба во КСиНТИ, кај лаиците, но, за жал, и кај колегите инженери, архитекти, веднаш се асоцира на стиропор со најголема густина (околу 30 kg/m3) дефиниран како "тврдо пресуван стиропор". Прво, оптимална густина на фасадниот стиропор е околу 18 kg/m3 (докажано со институтски испитувања и во пракса) и второ, стиропорот не се "пресува", туку експандира - бабри.
По експандирањето во форма на блокови, како последица од дифузија на испарливи состојки (гас пентан) употребени при производството на неговата основна суровина - полистиренот, стиропорот се собира, контрахирајќи ги сите три димензии. Значи, се работи за негова волуменска стабилизација. На пример, по истек од 90 дена, една плоча стиропор со должина 100 cm ќе се собере за 3-4 mm. За потполно волуменско стабилизирање потребни се дури 3 - 5 години, меѓутоа првите 90 дена собирањето е најголемо и после овој период обично се вели дека стиропорот е "одлежан", односно стабилизиран.
Дополнителното собирање на стиропорот до крајот на периодот на стабилизацијата може да се толерира во многу градежни конструкции, но кај КСиНТИ ова собирање може да предизвика сериозни проблеми доколку не се преземат дополнителни технички мерки. Силите на собирање треба да ги амортизира армираниот малтер поставен врз стиропорот. Во спротивно, во малтерот се случуваат пукнатини а може да дојде и до негово отпаѓање. Следува детална анализа на проблематиката.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.