Емитер 2/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Европската орбитална сонда Корот откри екстрасоларна каменита планета со најмала големина во споредба со сите до сега откриени егзопланети. Нејзиниот дијаметар е помал отколку два дијаметри на нашата Земја.
Во последните неколку години астрономите се фокусирале на откривање екстрасоларни планети доволно слични на нашата Земја. Во тој контекст во ЕМИТЕР бр. 1/10 ние објавивме напис со наслов "Потрага по екстрасоларна Земја" во кој беа опишани две такви мисии, Европската мисија Корот (Corot) и Американската мисија Кеплер, кои се во тек, и мисијата JWST (James Webb Space Telescope), која е во подготовка. Екипата на постарата мисија Корот објавила до 2008 год. откривање на два нови "вжештени Јупитери", една непотврдена "супер-Земја" и 40 други "кандидати" за можна "егзо-Земја", но тогаш тие чекале на верификација од стационарната Земјина техника. Имено, потврда дека се работи за планета, а не за нешто друго, се бара од стационарните телескопи на Земјата, кои употребуваат т.н. "воблерска" метода, па се способни да ја детерминираат масата на објектот (поопширно види ЕМИТЕР бр. 1/10: "Потрага по екстрасоларна Земја). Но, со оглед на големиот број кандидати за "втора Земја", оваа дополнителна процедура претставува временско "тесно грло" во целата постапка, па беше нужно да се причека извесно време на конечните резултати.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.