Рубрика: Аудио и видеотехника
...Ако ја познаваш техниката, не само глув, ами и слеп можеш да работиш...
Автор: Миле Серафимовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Разговор со Ратко Бакаловски

Опседнатоста со звукот и со сé што се случува околу него во Македонија и во широкиот свет во кој се отиснал се постојана преокупација на Ратко Бакаловски. Тука работи, во самиот центар на Торонто, во познатото студио Q Music, но во мислите постојано се навраќа во татковината. Таа била и останува нераскинлив дел од него. Во туѓина е, но со цврста мисла дека ќе се врати. Да даде свој придонес во развојот на една гранка која, колку е привлечна толку е и мачна, особено за оние што се навлезени подлабоко во неа; како што е тој: живее и трепери со звукот.

ЕМИТЕР: Вашата биографија накратко?

Роден сум 1965 година во Битола, на ден Велигден. Почетоците ги направив во Битола, завршив техничко, она ТВ-механичар, три години, не ми се учеше, бев револт без причина. Инаку, јас секогаш сум велел дека сум бунтовник, ама со причина. Моето прво искуство со оваа работа со техникава, со електроникава е благодарејќи на Николче Спасевски-Прчо, гитарист на БТ ТОП, кој ме зеде под негово и ми покажа како се прават тие џез-музики… Имаше еден котураш со два канала и со него снимавме, наснимававме и така целата љубов се роди околу тоа, после отидов во Англија, купив една Soundcraft миксета StudioMaster, тогаш бев на 15-16 години,…четириканален касетофон Yamaha, и почнавме со тоа, со домашни HSR звучници, прикрпена целата работа, куќата си ја претворив во тоа,…во сите соби имаше кабли, бубњеви, не знам што, сешто правевме од картони, ги покривавме ќошовите, па природен реверб немавме итн. …На ред чекаа кога дојдов од Лондон, сите музичари од град дојдоа да видат што се случува…И сите снимаа…Така работевме некои 3-4 години. Пошто имав и озвучење, Прчо ме научи, ама јас влегов многу подлабоко во тоа и ги работев ракометни утакмици, штафетата кога дојде,…па после дискоклубови, па првата вистинска гитаријада во Битола на која музичарите настапуваа со свои сопствени песни... Значи, работев во живо такви работи, организатор бев …и никогаш не научив да свирам гитара, од најголем проблем зашто ако требаше басист, јас ќе бев тоа, јас морав да ја бркам работата…Јас носев инструменти, јас ова, јас она…Имав обичај у лето да му ја киднам со автостоп до Шведска и успат у тие гратчиња налетував на некое студио, …луѓето не ги чуваа тајните на снимањето како што беше кај нас...

ЕМИТЕР: Кога го снимаше Суперхикс?

Суперхикс го снимав кога се вратив од Канада…Негде околу '95-'96 година дојдов на летување во Македонија, пошто седум години се немав вратено. Имав заборавено кај живеам, живеев тука во студио, тука во студио и пиев и јадев и све, живеев во една соба…Го имав заборавено надворешниот живот. Кога дојдов во Македонија, гледам све црнило, све фрлено на хероин…У тоа време с# нешто пееја попови,… с# нешто кимурно као шеесетти,…врска нема со нормална музика, нема ништо позитивно. Ме заболе срце, се осетив виновен;...кога си моќен осеќаш некоја одговорност да им помогнеш;…сите што биле музичари, сите избегале, нема ни џез-рок, што беше тогаш многу популарно у тоа време…Тогаш ги приметив овие песни, дечкиве на Суперхикс, зашто беа многу позитивни;…бев убеден ќе работам на тоа, зашто немаше пари и така и така... Решив ќе отворам студио, вистинско, со плафони спуштени,… зашто веќе имав искуство дека овде имав три студија; го правев сам. Тоа студио беше во визбите на дуќанот… Сега моментално е празно. Имам намера да направам уште подобро студио во Битола кога ќе се вратам за некое време…Правам фестивали, последниот фестивал Fusion во Отешево го правев јас. Тоа беше македонски Woodstock, три дена и три ноќи. Под тоа име Fusion настапувам долу, во Македонија, правам рејвови, техно, с# што фали во Македонија обично јас си ја земам должноста да го донесам, различни видови на музика.

....

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.