Рубрика: Омнибус
Заблуди, измами и вистини: Дали теоријата е докажана?
Автори: Петар Лагудин, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2017.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дарвиновата теорија за еволуцијата, но и други научни теории, честопати неосновано се оспоруваат со образложение дека, наводно, “Теорија не е закон туку е само теорија, и според тоа, таа е недокажана, па не мора да е точна”!? Таквото лаичко образложение открива елементарно незнаење на основните научни поими: хипотеза, теорија и научен закон! Со цел за точна информираност на читателите кои сакаат да знаат, а не само да веруваат, Ќе ги разјасниме дефинициите на наведените научни поими, со примери за нивната примена.

На почетокот, како што е редот, да ги објасниме основните поими и чекори со кои науката се служи во своето откривање и објаснување на природните (и вештачките!) појави. По систематското набљудување на некоја појава, науката се обидува да ја објасни таа појава со хипотеза, а со проверка и докажување на хипотезата се добиваат теорија и закон. Да парафразирам реплика од еден култен југословенски филм: “Во науката само едно е важно, а тоа се две работи: хипотеза, теорија и закон!” Навидум противречно, но всушност длабоко точно! Теоријата и законот се подеднакво “тешки”, тоа се двете страни на еден ист златник (исплата за напорната научна работа). Во секојдневниот говор, зборот “теорија” има малку поинакво, пејоративно значење – и токму тука се создава тој дел од недоразбирањето.

Клучни зборови:

Упростен приказ на еволуцијата на човекот

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.