Рубрика: Информатика
Замена на кондензатори на матична плоча
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-10/2016.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Компјутерот не “пали од прва”? Спонтано се рестартира? BSOD? Вентилаторите вртат, но нема слика? Мемориски грешки? Некој ќе се посомнева на вирус… оправдано. Да, некои од наведените симптоми и наликуваат на “вирусна инфекција” на оперативниот систем. Но, сепак, отворете го куќиштето и погледнете внатре…

Пред сè, да расчистиме една работа – овој текст е првенствено наменет за почетниците и за понеискусните електроничари и “компјутерџии”. Стилот на пишување е приспособен во таа насока. Доколку сте поискусен и/или професионалец и не ве интересира, не читајте го. Или читајте го, но забелешките задржете ги за себе :). Електролитските кондензатори се едни од најчестите причинители на проблеми кај матичните плочи, графичките картички и кај напојувањата. Неможноста да се мине низ POST процедурата, BSOD, одбивањето компјутерот да “запали од прва”, повременото рестартирање и/или ресетирање, мемориски грешки, нестабилност при работењето, варијации на работните напони – сето ова е последица на неисправни кондензатори. Некои од спомнативе симптоми асоцираат и на вирусна активност. Честопати се случувало компјутерот навистина да бил “опседнат”, но и по чистењето, проблемите продолжуваат со истите симптоми. Затоа, пред да се губи време со средување на системот и скенирање/чистење од вируси, мудро е најнапред да се отвори куќиштето и да се погледне во внатрешноста.

Клучни зборови:

Подуени и протечени кондензатори – причинители за огромни проблеми

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.