Рубрика: Информатика
Новата генерација ни пристигна
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како што веќе навикнавме кога е Интел во прашање, новата архитектура на процесорите побарува и нови модели на матични плочи, поточно чипсети и лежишта. Ниту Sandy Bridge процесорите, чија архитектура ја погледавме во минатиот број, не се исклучок во тој поглед. Да разгледаме два модела на матични плочи од најновата генерација.

Успешната премиера на најновите Интел процесори го става AMD пред дополнителни искушенија во предвечерието на промоцијата на нивните Bulldozer процесори. Првите Sandy Bridge модели, иако од средната категорија, се одликуваат со одлични перформанси кои им овозможуваат без проблем да се справат со моментално најсилните, шестјадрени модели на AMD – 1090T и 1100T. Но, тоа и се очекуваше. Како ќе стојат работите по премиерата на AMD Bulldozer, секако, и на другите модели на Интел SandyBridge ќе видиме подоцна, во текот на оваа година. Сега да ги погледаме новите матични плочи за Интеловите процесори.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.