Рубрика: Автомобилска техника
MultiАir технологија
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Едно многу незгодно тесно грло кај бензинските мотори, кое одзема дури до 10% од силината на моторот, е вообичаената регулација на силината на моторот со помош на придушна клапна (мајсторски: лептир за гас). Како таа да се елиминира? Одговорот е: со варијабилно отворање на шмукачките вентили. Кога веќе одиме на оваа варијанта, дали можеме во проектот да вклучиме (овозможиме) соодветни однесувања на подигнувањето на шмукачките вентили кои овозможуваат оптимална (и подобрена) работа на моторот во соодветни режими. Одговорот е: може. FIAT тоа го реализира со помош на електро-хидраулично отворање на шмукачките вентили, познато како MultiAir технологија.

Во текот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на минатиот век, FIAT развиваше револуционерна технологија на електромагнетно управување со вентилите (види во ЕМИТЕР 9/04), кое се состоеше од електромагнети и систем на котва со пружина, при што електромагнетите управувани од ECU го реализираа отворањето и затворањето на вентилите. Оваа технологија не доживеа успех поради незграпната и тешка конструкција која одзема многу енергија, како и поради неможноста за нејзино функционирање на повисок број вртежи на моторот. Во 1995 година е напуштено нејзиното развивање, и потенцијалите на FIAT се прена-сочени кон развој на нова технологија која е комбинација на електрохидраулично управување на шмукачките вентили, и е наречена MultiAir технологија. Овој пат успехот не изостана.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.