Рубрика: Астрономија и астронаутика
Детектирани гравитациските бранови
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Според Ајнштајновата Теорија за релативитетот, силата на гравитацијата има бранова природа и се шири во просторот со брзина на светлината, но досега научниците залудно се обидувале со различни методи да ја докажат брановата природа на гравитацијата. Меѓутоа, во најново време тоа и успеа на една екипа истражувачи, кои користејќи радиотелескопи лоцирани на Антарктикот, открија доказ за брановата природа на гравитацијата, детектирајќи траги од праисконски гравитациски бранови во космичката микробранова заднинска радијација. Откритието има епохално значење, еднакво како на пример, откритието на темната енергија.

Во времето на Њутн се сметаше дека гравитацијата се шири во просторот моментално, т.е. со бесконечно голема брзина, меѓутоа, актуелната Ајнштајнова Теорија за релативитетот не дозволува поголема брзина од брзината на светлината, па според тоа, и гравитацијата мора да го почитува тој закон. Така настанал поимот “гравитациски бранови”, коишто според Теоријата за релативитетот се резултат на осцилирање на масата на телата, а енергијата на брановите расте пропорционално со зголемување на масата на телата и со порастот на фреквенцијата на осцилациите. Но, иако се работи за небески тела со огромни маси (планети, ѕвезди...), нивната фреквенција на осцилирање е премногу ниска, а со тоа е премногу мала и енергијата на гравитациските бранови. Тоа можеби е главната причина поради којашто гравитациските бранови до сега не се детектирани.
Но, уредите за детекција перманентно се усовршуваат зголемувајќи ја својата осетливост, па во најново време се отвори можност гравитациските бранови да бидат детектирани доколку тие имаат доволно висока енергија. Такви гравитациски бранови со доволно висока енергија би можеле да бидат генерирани под дејство на рапидно брза експанзија на универзумот, каква што според актуелниот модел за еволуцијата на универзумот, била т.н. “инфлаторна фаза” на експанзијата, низ која универзумот поминал веднаш по Биг Бенгот. Тие праисконски (примордијални) гравитациски бранови би требало да постојат и денес, но можно е тие да оставиле некоја трага во кофигурацијата од тоа време, само е нужно да се “гледа” екстремно далеку во простор-времето со доволно осетливи инструменти, т.е. да се ѕирне во мигот кога вселената тукушто станала транспарентна за електромагнетното зрачење. Па, ете ја можноста за детектирање на гравитациските бранови, но, да одиме по ред!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.