Емитер 10/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Технологијата за производство на светлина со вртоглава брзина оди напред. Последниве децении на пазарот се намножија многу типови и видови автомобилски светилки, што за обичниот човек изгледа збунувачки. Написов има за цел да ве запознае со основните видови автомобилски светилки, со нивните карактеристики и можности. Едноставно, да направи малку ред во оваа сфера. Сигурен сум дека ќе предизвикам интерес за оваа тема, која е најголем и директен чинител на активната безбедност при управувањето на автомобилот во крајно неповолни услови, како што е ноќното возење.
Совесниот возач на автомобил редовно води грижа за светлата на својот автомобил. Таа грижа се состои во тоа што тие мора во секој момент да се исправни, да го осветлуваат патот пред себе со максимален интензитет кој им стои на располагање за тој тип светилки, постојано да се беспрекорно чисти и да е правилно нагодена насоката на светлосниот сноп. За останатите возачи, тука се редовните и вонредните технички прегледи на автомобилите, при што се проверуваат и светлата на автомобилот и забележаните недостатоци се елиминираат на самото место, сè со цел да не се дозволи ни најмал прекин во безбедноста на сообраќајот за што причина би можеле да бидат токму неисправните светла на автомобилот.
Зошто светлата се важни за нашата безбедност? Краткиот одговор е дека со добри светла многу подобро и појасно забележуваме што се случува пред нашето возило при ноќно возење, што е пресуден услов за безбедно возење. За другите возачи, кои можат да бидат убедени само со доказ во вид на бројки ќе го наведам следниот пример. Да замислиме дека во ноќно време возиме со автомобилот со околу 100 km/h. Тоа е брзина од околу 30 m/s. Ако имаме обична светилка во фарот, прегледноста пред нас би била максимум 30-50 m (при неповолни услови на патот). Тоа, практично, значи дека доколку некој објект (човек со темно одело) се наоѓа на патот и претставува опасност, ние за нецели 1 до 2 секунди ќе налетаме на него. За тоа време не можеме да преземеме речиси ништо значајно и сигурно реакцијата (доколку ја забележиме опасноста) би ни била инстиктивна и панична, што уште повеќе ќе ја усложни ситуацијата. Но доколку нашето возило има, на пример, ксенонски светилки во фарот со домет од околу 200 m, тогаш за реакција ни остануваат околу 7 до 14 секунди, што е резултат кој овозможува наша промислена реакција и доволно време, дури и да го запреме возилото. Тоа е разлика што "живот значи". Токму затоа се битни светлата од нашето возило. Но сепак, конечно да го започнеме прегледот за автомобилските светилки кои најчесто се користат денеска, пред сè, во автомобилските фарови.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.