Рубрика: Астрономија и астронаутика
Мини црни дупки
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во фамилијата црни дупки досега истражувачите идентификувале 2 типа нејзини членови: "стеларни црни дупки" и "галактички црни дупки" во центарот на речиси секоја галаксија, обете со потекло од колапс на помасивните ѕвезди. Но, во таа фамилија астрофизичарите теоретски предвиделе уште два типа нејзини членови, кои досега не се неидентификувани: "мини црни дупки", со потекло од Биг Бенгот и "микро црни дупки", вештачки креации во судрувачите на елементарни честички. Мини црните дупки, доколку навистина постојат, се најстари објекти во универзумот, особено интересни за научниците, па тие започнале "хајка" за нивна детекција.

Црните дупки се еден од малкуте случаи во историјата на науката во кои некоја теорија е развиена многу детално како математички модел пред да постои доказ за тоа дека таа е точна. По нивното појавување во равенките од "Теоријата за општиот релативитет" на Ајнштајн, тие станале главен предизвик во насока на нивната детекција. Првите опсервациски идентификувани црни дупки се "стеларните црни дупки", со потекло од колапс на помасивни ѕвезди по нивната "смрт". Подоцна е идентификуван и друг тип членови во фамилијата црни дупки: "галактичките црни дупки", милијарда пати помасивни од нашето Сонце, стационирани во центарот на речиси секоја галаксија. И двата типа вакви црни дупки потекнуваат од колапс на материјата во самата себе под дејство на сопствената гравитација, и досега повеќепати тие биле предмет на нашето списание (види текст во рамка). Меѓутоа, теоретичарите предвиделе и друг начин на создавање на црните дупки: не под дејство на гравитацијата, туку под дејство на енормно голем надворешен притисок – каков што постоел во времето на Биг Бенгот – па според тоа, тие црни дупки, доколку навистина постојат, се најстарите објекти во универзумот!

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.