Рубрика: Астрономија и астронаутика
Супернова задушена од сопствената прашина
Автор: Тања Петрушевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Телескопот Спицер случајно откри хипернова чија светлина била апсорбирана, односно скриена од страна на густиот оклоп од прашина исфрлена од ѕвездата пред нејзината смрт.

Можеби изгледа неверојатно, но покрај тоа што сјајот на експлозиите на суперновите може да биде еднаков или да го надмине сјајот на една цела галаксија, во одредени случаи може да помине незабележана. Според едно истражување од Унивезитетот од Охајо, изгледа дека сме пропуштиле голем број на ѕвездени експлозии во галаксии кои инаку би можеле да бидат на дофат на телескопите со кои располагаме.
Благодарение на набљудувањата на вселенскиот телескоп Спицер на НАСА кој работи во инфрацрвениот дел од спектарот беше возможно да се открие џиновска ѕвезда од една далечна галаксија, која на крајот од животот експлодира како супернова, но светлината произведена во овој моќен настан била апсорбирана во најголем дел од страна на правта произведена во фазите претходни на експлозијата.
Ова е првпат да се забележи феномен од овој тип до сега и истражувачите на конкретниов случај се сомневаат дека ова сценарио би можело да биде многу поприсутно во почетокот на универзумот. Овие истражувачи дури и направиле компјутерска симулација за да можат да видат како би изгледало тоа кога би се случило во нашата Галаксија Млечен Пат.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.