Емитер 1/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Panasonic, компанија која пролетоска ја лансираше тродимензионалната камера/камкордер AG3DA1 за професионална употреба и која на NAB2010 доби најмногу награди, а за која имаше напис и во ЕМИТЕР бр. 6/2010, промовираше на електронскиот пазар уште еден нов 3Д производ кој е наменет за аматерите. Стручните луѓе од компанијата потврдуваат дека аматерската камера HDC-SDT750 ќе им овозможи на корисниците да креираат убав и квалитетен тродимензионален видеоматеријал и слики, кои ќе изгледаат како да се живи. Камерата има и можност за снимање во стандарден, дводимензионален формат и тоа во HD резолуција. Исто така, во софтверот на камерата е интегрирана и опцијата за забрзување на протокот на времето со што, на пример, ќе може да се добие континуирана снимка од процветувањето на некој цвет или како пеперутка излегува од кожурката.
Убедена сум дека редовните читатели на ЕМИТЕР ги препознаа текстот и сликата кои беа објавени во бројот 9/2010! Но, да ги видеме подетално перформансите на овој аматерски камкордер кој, факт е, ќе можат да го набават оние аматери со подлабок џеп бидејќи цената му е 1300 долари.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.