Емитер 1/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Рутерите денеска играат голем дел во секојдневното користење на интернетот или пак при воспоставување на конекција помеѓу два или повеќе компјутери. Овие магични уреди имаат тотално свој софтвер и оперативен систем, кој секогаш може да се подобрува. Прочитајте зошто...
Рутерите претставуваат уреди кои главно служат за рутирање на пакети и податоци во една компјутерска мрежа. Рутерите работат на третото (мрежно) ниво на мрежниот OSI модел. Рутерите, како хардверски уреди, мораат да имаат софтвер на нив, кој паметно ќе одлучува за преносот, рутирањето и насочувањето на пакетите. Рутерите кои се достапни на нашиот пазар главно се од поголемите компании, кои за секој свој уред си го пишуваат софтверот, т.е. оперативниот систем.
Овој оперативен систем главно има ограничени можности и не секогаш неговите опции за меѓуповрзување на два или повеќе рутери од различен производител се компатибилни.
DD-WRT претставува слободен оперативен систем кој главно е наменет да биде употребуван на уреди за мрежно рутирање – рутери. Самиот оперативен систем работи врз модифицирана верзија на Линукс кернелот така што е оптимизиран да работи на ембедирани уреди како што се рутерите со користење на многу малку ресурси.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.