Рубрика: Информатика
Како до лаптоп по мерка на вашиот џеб и потреби
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сакате да се подновите со преносен компјутер, но не сте сигурни за тоа кои карактеристики ви се вистински најважни. Кога еднаш ќе се решите за категоријата на преносен компјутер која најмногу би одговарала на вашите потреби време е да погледнете што се крие зад наведените спецификации. Притоа ќе треба да се решите за една од многуте понудени опции за централен процесор (CPU), RAM, графички процесор (GPU), дисплеј, но и други елементи. Во овој напис ви даваме неколку совети за тоа како да ги надминете бариерите на понекогаш неразбирливиот технички јазик и да дојдете до онаа информација која навистина ќе ви значи нешто при изборот.

Се надеваме дека овие информации ќе ви бидат од корист доколку во наредните наколку месеци планирате да набавите преносен компјутер. Одлуката за што навистина ви е потребнo, а без што може да се живее, е навистина тешка, но битна бидејќи токму од неа зависи дали ќе одберете лаптоп кој ќе ги задоволи вашите потреби, а ќе му одговара на вашиот џеб. Во спротивно може да се случи или да заштедите пари, но во потполност да ги промашите карактеристиките и перформансите кои ви се потребни, или, пак, да потрошите вистинско мало богатство за уред чии перформанси далеку ги надминуваат вашите потреби и чиј вистински потенцијал никогаш нема да го искористите, дури ни за 50%.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.