Емитер 11/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во не толку далечната 2005 година ретко кој можеше да претпостави дека од истоимената мала фирма која ја купи Google ќе произлезе производ кој ќе го разниша пазарот на мобилни телефони на глобално ниво.
Android е мобилен оперативен систем наменет за мобилните уреди, пред сè најновата генерација "паметни" мобилни телефони. Почетоците датираат уште од не толку далечната 2005 година – првата верзија е развиена од една мала истоимена фирма Android Inc. од Пало Алто, Калифорнија, САД. Во тоа време, за таа мала и млада компанија се знаело само дека изработуваат софтвери за мобилни телефони. Потенцијалот е препознаен во самиот старт и сопствениците на Google прават визионерски потег – ја купуваат малата компанија.
Веќе од наредната, 2006 година, почнуваат да се шират информации дека Google има намера да влезе на пазарот на мобилни телефони. Она за што се шушкаше доби цврста основа во септември наредната, 2007 година, кога во весниците се појави статија во која се велеше дека Google патентирале повеќе апликации наменети за мобилните телефони.
Конечната потврда се случи во ноември истата година, со основањето на OHA (Open Handler Alliance), конзорциум од повеќе компании (Google, Texas Instruments, Broadcom Corporation, HTC, Qualcomm, T-Mobile, Intel, Motorola, Nvidia, LG, Samsung, Marvell Technology i Sprint Nextel) која се зазеде за развој на отворени стандарди за мобилни уреди. Истовремено го промовираа и својот прв производ, Android оперативниот систем за мобилни уреди, базиран на Linux Kernel ver. 2.6.
Неполна година подоцна, на 21 октомври Android оперативниот систем беше достапен под open source лиценца како слободен софтвер, а веднаш потоа и изворниот код и беше достапен на јавноста.
На 9 декември истата година на алијансата и се придружија уште 14 други компании со звучни имиња – Garmin, Toshiba, Sony Ericsson, Asustek, Vodafone, Atheros Communications, ARM Holdings, Packet Video…
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.