Рубрика: Информатика
Топ 10 најдобри паметни телефони со Android
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 04.01.2022 - 13:30

Очекувано SAMSUNG Galaxy S21 Ultra е телефонот со најдобри карактеристики во сите категории, а притоа е и единствен телефон од листата со чипсет Snapdragon 888 5G

Пронаоѓањето на најдобриoт паметен телефон со Android може да биде тешко. Уште потешко списокот да го сведете до уредот што го посакувате, односно што треба да го купите. Па, да се обидеме да ви помогнеме.

Листата подолу  ги содржи најдобрите паметни телефони со Андроид за изминатата година. Притоа тие се најдобри во повеќе различни сегменти, како траењето на батеријата, квалитетот на камерата, 5G итн. Значи, кој и да е вашиот приоритет во овој поглед, тука ќе го пронајдете вистинскиот паметен телефон за вас што ја поседува дадената карактеристика.

Секако, на почетокот од годинава се очекуваат неколку глобални претставувања на нови паметни телефони што ги користат најновите чипсети од Qualcomm. Но, тие ќе бидат пуштени во продажба дури кон крајот на овој месец. Значи, да повториме, листата подолу дава преглед на најдобрите паметни телефони што се достапни во моментов, а добар дел од нив веќе може да се набават и за нешто пониска цена, на попуст.

Ако во моментов имате потреба да купите нов паметен телефон, навистина не можете да згрешите ако се решите за некој од десетте паметни телефони наведени подолу.  Но, внимавајте, ниту еден од овие телефони не е за оние со “тенок” буџет. Нивните цени се движат во опсег од 349 до 1449 долари. Со најдобрите евтини телефони ќе се занимаваме во друга прилика.

Клучни зборови: