Астрономија и астронаутика
Една група астрономи од Иницијативата за истражување на орбитите на галактичкиот центар при Универзитетот на Калифорнија (UCLA), под раководство на професорката по астрофизика Андреа Гец (Andrea Ghez), открила непознат вид космички објекти во центарот на нашата галаксија, недалеку од супермасивната црна дупка Стрелец (Sagittarius) која е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце. Откритието било направено од опсерваторијата Кек лоцирана на Хавајските острови. Според групата, она што објектите ги чини невообичаени е тоа што тие во нивната орбита најголем дел од времето изгледаат стабилни и компактни, меѓутоа кога ќе се приближат до супермасивната црната дупка тие се деформираат растегнувајќи се.
Објавено на 15.01.2021 - 15:00

Аудио и видеотехника
за вистинско аудио присуство и дефиниција во вашите снимки Повеќето микрофони се поврзуваат преку USB со компјутери, но Sennheiser MKE 200 е дизајниран првенствено за поврзување со фотоапарати/камери и за телефони. Ова микрофонот го прави идеален за поддршка на "спонтаното" правење видеозаписи со...
Објавено на 13.01.2021 - 12:45

Информатика
Криптовалутата има неверојатен старт во Новата 2021 година. За неполни две недели нејзината вредност неколкукратно се зголеми. Вестите се повеќе од добри за сите што во некој момент инвестирале во биткоинот, независно дали тоа го правеле со 'копање' или со купување на оваа криптовалута.
Објавено на 13.01.2021 - 12:15

Информатика
Ви претставуваме една интересна веб-апликацијата што ќе ви овозможи да се потсетите на голем дел од продукцијата на забавна, поп и рок музика во поранешна Југославија.
Објавено на 12.01.2021 - 11:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме роденденoт на американскиот астроном и нобеловец Роберт Вудроу Вилсон, на пионерот од областа на програмските јазици Тони Хор, и на советскиот нуклеарен физичар Игор Василевич Курчатов. Покрај ова го одбележуваме првиот успешен експеримент од областа на радиоастрономијата, откривањето на месечините Оберон и Титанија, и денот кога криогенски беше замрзнат првиот човек со намера еветуално некогаш да му се продолжи животниот век ...
Објавено на 11.01.2021 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Во 2017 година низ нашиот сончев систем „прошета“ мистериозен објект, по потекло од далечните космички пространства – што беше лесно да се одреди според неговата хиперболична траекторија и брзина. Она што беше чудно беа останатите негови карактеристики: должина 10 пати поголема од неговата ширина и забрзување без детектирано испуштање на гасови и појава на кома (вообичаено за кометите). Сето ова ја разгоре фантазијата за разни хипотези, дури и за евентуална вонземна технологија.
Објавено на 11.01.2021 - 10:15

Телекомуникации
Од почетокот на пандемијата светот е преплавен со неточни и честопати погрешни информации за ковид-19. Заземањето став против оваа конфузија е мисијата на Радиото за здравствени информации или Здравствено инфо радио (Health Info Radio), говорен радиодифузер базиран на факти, којшто својата програма ја емитува преку интернет и со дигитално аудио емитување – DAB (Digital Audio Broadcasting) од 11 предаватели во Велика Британија.
Објавено на 08.01.2021 - 15:45

Информатика
Dropbox без многу врева и најава стартуваше свој менаџер за лозинки наречен Dropbox Passwords. Апликацијата е достапна во приватната бета-верзија на Андроид и, иако може да се преземе, не може да се користи ако немате покана. Моментално, апликацијата е “во развој” и затоа може да биде нестабилна. Онаква каква што е сега, таа изгледа прилично едноставно.
Објавено на 08.01.2021 - 14:45

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме роденденoт на еден од најголемите научни умови – сер Исак Њутн и го одбележуваме првиот успешен тест на комуникациското средство кое ќе го промени светот – телеграфот на Семјуел Морзе . Покрај ова си спомнуваме и за првото известување во еден дневен печат за откритието на рентгенските зраци и првата употреба на раниот програмски јазик Симула. Покрај ова го одбележуваме и денот кога сите влеговме во првата GPS епоха ;) ...
Објавено на 06.01.2021 - 11:15

Pages