Во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, се одржува првата онлајн конференција за развивање на дигитални игри во Македонија, MAGDA Game Dev 1UP. Конференцијата е дел од проектот Creative Producers in the Western Balkans 2021 – 2022 на British Council. Наменета е за сите кои професионално работат на развивање на дигитални игри, но и за тие кои би сакале да ја насочат својата кариера во овој правец.
Како што претходно најавивме конференцијата започна на 5. мај и ќе се одвива во текот на овој и наредниот месец – вкупно месец и половина. Предавањата се одржуваат еднаш неделно, секоја среда, со почеток во 18 часот. Водени се од професионалци во гејм индустријата кои од прва рака ќе ги пренесат нивните искуства. Опфатени се повеќе аспекти на развивање на дигитални игри вклучувајќи Level Design, Game Design, Character Art, Sound Design, Game Production, Game Programming, Monetization и AI in Games.
Наредни предавања што ќе може се проследат се:
Следењето на предавањата е бесплатно. Сите предавања се со симултан превод на знаковен јазик!
Регистрацијата и следењето на предавањата се прави на веб страница www.magda.org.mk
На крајот на конференцијата, викендот 18. и 19. јуни во Скопје ќе се одржи дводневен game jam настан со физичко присуство, кој ќе има натпреварувачки карактер. Учесниците ќе имаат можност да осмислат идеја и да креираат прототип на дигитална игра. Поканети се да учествувааат сите кои ги следеле предавањата, како и секој кој би сакал да се обиде да развие игра. Според најавите, пред почетокот на настанот ќе може да се проследи предавањето на Наум Михајловски, ко-основач и раководител на Furious Avocado, на тема “Како да дизајнирате Хајпер-кежуал хит игра“.