Едно интересно истражување открива дека промената на магнетните полови на Земјата што се случила пред околу 42 000 до 41 000 години можеби предизвикала еколошки кризи кои довеле со масовни исчезнувања на видовите. За проучување на ефектите на Лашамповата екскурзија, како што се нарекува овој период, научниците се служеле со методата на прецизно датирање со јаглерод присутен во фосилизираните остатоци на древните дрвја.
Поточно истражувачите направиле радиојаглероден запис од прстените на каури дрвјата од мочуриштата во Нов Зеланд, за временскиот период околу геомагнетната Лашампова промена, што се случила пред околу 41000 години. Записот открил значително зголемување на присуството на изотопот јаглерод 14 во тогашната атмосфера што кулминирало со периодот на слабеење на јачината на магнетното поле, период што претходел на промената на поларитетот на полето. Разгледувајќи ги податоците добиени од нивниот модел за проучување на последиците од овој настан, тимот заклучил дека овој период на “минимумот на геомагнетното поле предизвикал значителни промени во концентрацијата на атмосферскиот озон којшто бил двигател во синхронизацијата на глобалната клима и животната средина.
Истражувачите забележуваат и дека ова е прво истражување од ваков вид спроведено со цел да се утврди врската помеѓу промената на поларитетот на земјиното магнетно поле и промените во животната средина. При спроведување на истражувањето научниците користеле пресеци од четири древни дрвја што биле пронајдени во мочуриштето во Спрингс Нгавха во северен Нов Зеланд. Пресеците биле тестирани за присуство на јаглерод-14.
Тимот потоа симулираше како променливото магнетно поле можело да влијае на атмосферските временски обрасци. Нивните резултати покажале дека зголемувањето на наелектризираните честички што во составот на атмосферата, исто така, би имало за последица зголемување на производството на атмосферскиот водород и на азотните оксиди.
Овие молекули би го консумирале озонот, ефективно нарушувајќи ја заштитната улога што стратосферскиот озон ја има против ултравиолетовото зрачење, а без којашто живиот свет на Земјата не би можел да опстане. Овие промени ја нарушуваат и апсорпцијата на сончевата светлина во различните атмосферски слоеви, што ќе доведува до ефективно ладење на планетата од голем обем.
Но, иако истражувањето е генерално интересно и издржано, не може а да не се забележи дека истражувачите премногу се потпираат на хипотеза, односно се чини дека се фокусирани да најдат доказ дека нешто што се случило точно пред 42 000 години, нешто што веројатно би можело да е поврзано со нарушување на условите во глобалната животна средина. Но, на крај, што точно се случило пред 42 000 години сè уште останува непознато. Како и да е, нивниот труд може да поттикне повеќе истражувања во насока на истражување на принципите зад овие масовни одумирања.
Истражувачкиот труд беше објавен во списанието Science.