Од темните места на интерентот, каде ако со шпакла загребеш по дното можеш да собереш... па, да кажеме интересни теории и постулати, доаѓа едно интересно тврдење. Имено, се тврди дека вештачката интелигенција на домашниот рутер му дава можност да ве позиционира каде и да сте во просторијата. Наводно, ова може да го направи без камера, користејќи го единствено сигналот што го емитува самиот рутер, според кој ВИ ја одредува во реално време вашата позиција во просторот... дури и преку ѕидови. Колку и дали ова е воопшто можно?