Хемија
Машини за ладни искри на свадба во Мексико
Инцидентите ретко се случуваат поради една единствена причина. Најчесто е потребен несреќен сплет на повеќе околности што ќе доведат до несреќи и катастрофи, без разлика дали се работи за авионска несреќа или катастрофален пожар.
Објавено на 19.03.2025 - 00:45

Астрономија и астронаутика
Млечниот пат гледан од Националниот парк Сахама во Боливија, област со мало светлосно загадување
Необјаснетите хемиски реакции забележани во центарот на нашата матична галаксија Млечен Пат, можеби се предизвикани од постоењето на вид темна материја којашто современата физика не ја земаше предвид, барем досега.
Објавено на 14.03.2025 - 00:45

Електроника
Поглед во внатрешноста на SWR метарот според Sontheimer.
SWR-метар – рефлектометар за долги бранови претставува важен дел од радиостаницата за фреквентното подрачје од 136 kHz, односно за долги бранови (LF). Ниту еден предавател не би требало да емитува „на слепо“, без индикација на коефициентот на стојни бранови, односно рефлектираната моќност од антената поради неприлагоденост на нејзината импеданса на импедансата на преносната линија.
Објавено на 11.03.2025 - 18:15

Енергетика
Во првиот дел ги разгледавме современите начини на греење базирани на обновливи извори на енергија. Да се задржиме малку на прашањето за топлификацијата (далечинското греење), особено во контекст на користењето на отпадната топлина од нуклеарните електрани, како и споредбата помеѓу топловодните и гасоводните мрежи. На крајот ќе ја разгледаме и иднината на греењето со огревно дрво, колку и да изгледа тоа анахроно.
Објавено на 10.03.2025 - 09:30

Медицина
Ракот е глобална закана која сериозно влијае на човечкиот живот, со повеќе од 10 милиони смртни случаи секоја година. На околу 2 милиони Американци им бил дијагностициран рак во 2024 година, со над 600 илјади смртни случаи. Во септември 2024 година, публикуван е научен труд, веројатно прв од таков карактер, во којшто е направен темелен преглед на научната литература за низа пренаменети лекови и метаболички интервенции против разни видови карциноми...
Објавено на 09.03.2025 - 16:30

Енергетика
Здружението на инженери неодамна го изнесе својот став околу греењето на гас, со посебен осврт на отстапувањето на овој многу доходовен бизнис на турскиот Казанџи Холдинг. Во две продолженија ќе ги разгледаме опциите за греење во иднина и изборот на најсовремено и најправилно решение.
Објавено на 08.03.2025 - 11:30

Хемија
Германските истражувачи создадоа молекула со тројна врска помеѓу јаглерод и бор, притоа создавајќи сосема нова молекула и отворајќи неистражени можности во светот на хемијата. Откритието би можело да им помогне на хемичарите подобро да ги разберат хемиските врски и структури.
Објавено на 07.03.2025 - 13:00

Информатика
Регулативите, технологиите и деловните хоризонти се темите на конференцијата Ден на Интернет доменот на Србија (DIDS 2025) што треба да се одржи на 18 март во Белград. Панелистите што ќе земат учество на конференцијата се веќе познати и објавени, а “лајнапот” е импресивен...
Објавено на 06.03.2025 - 18:15

Астрономија и астронаутика
И повторно е тоа време од годината – Со почеток од 17 март 2025 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија. Придружете се, затоа што учењето е забавно, а овие предавања се одлична можност да се запознаете и со работата на САД, доколку сакате да им се придружите како членови...
Објавено на 06.03.2025 - 14:45

Аудио и видеотехника
Revox B77, еден од најпопуларните магнетофони
До навлегувањето на дигитализацијата и користењето на компјутерите во аудиотехниката аналогниот магнетофон претставуваше главна алатка во ланецот за снимање и репродукција на звукот. Оттаму, сосема природно дојде идејата за серијал во којшто подлабоко ќе ја истражиме историјата и значењето на еден од најексплоатираните уреди во тонската продукција во преддигиталната ера – како прво, заради потсетување и како второ, заради запознавање на помладите генерации. Нашата идејата е преку серија написи (со неодреден број на продолженија) да ги презентираме легендарните модели на магнетофони, оние кои оставиле посебен белег во тонската продукција, во радио и ТВ куќите, но и во претпријатијата и домовите на аудиофилите. За почеток, во овој прв напис ќе дадеме краток историски преглед на развојот на магнетофоните.
Објавено на 04.03.2025 - 21:45

Pages