Астрономија и астронаутика
Маглината Пламена ѕвезда е осветлена од блиската ѕвезда AE Aurigae во соѕвездието Кочијаш (Auriga). Каталогизирана како IC 405, оваа блескава маглина припаѓа на групата емисиони и рефлексиони маглини и се наоѓа на приближно 1500 светлосни години од Земјата.
Објавено на 10.01.2025 - 14:00

Енергетика
Во рамките на Министерството за енергетика е формирана работна група за Чебрен, која без нови физибилити студии треба да донесе одлука за изградба на пумпно-акумулационата хидроелектрана (ПАХЕ) „Чебрен“. При тоа групата нема да разгледува други решенија, иако последниве години значително се намалиле цените на фотонапонските (ФЕЦ) и ветерните (ВЕЦ) електрични централи.
Објавено на 08.01.2025 - 11:00

Астрономија и астронаутика
Денес се наоѓаме во точка од орбитата на Земјата околу Сонцето, која се нарекува перихел и сме најблиску до Сонцето, оддалечени од него „само“ 147,1 милиони километри!
Објавено на 04.01.2025 - 19:30

Телекомуникации
Денот Д за префрлување на радио и ТВ сигналите од Новиот радио-телевизиски дом беше 27 септември 1986 година, во 24 часот. И покрај сите направени подготовки, секогаш се поставуваше прашањето дали ќе се појават некои непредвидени технички проблеми и колкав ќе биде прекинот на програмата. На општо задоволство, прекинот на програмата беше само неколку секунди. Тоа беше факт што сите нас кои во тие моменти учествувавме во потфатот нè направи особено горди.
Објавено на 28.12.2024 - 14:00

Електроника
Како што јавува Дејли врап Кинеските научници развиле ласерски невронски чип кој функционира милијарда пати побрзо од биолошките неврони, што значи уште еден пробив во доменот на вештачката интелигенција.
Објавено на 28.12.2024 - 13:00

Телекомуникации
Сè уште раните од поплавата не биле залечени, а уште поголема трагедија го погодува Скопје – катастрофален земјотрес. За времe на земјотресот, на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, тешко е оштетена зградата на радиото. Во тие судбоносни моменти, Радио Скопје одигрува клучна улога и повторно почнува речиси од ништо.
Објавено на 27.12.2024 - 13:15

Биологија
Кога бевме мали учевме дека свесноста и когнитивноста е својствена само за луѓето, а другите живи суштества имаат само инстинкти и ништо друго. Но, дали тоа е навистина така?
Објавено на 27.12.2024 - 12:00

Металство и машинство
Во 2017 година во САД поднесена е пријава за патентна заштина на нов, инвентивен и дотогаш невиден начин на копање или пробивање на подземни тунели со помош ерозија од плазма. Идејата датира од 2016 година. За што се работи?
Објавено на 26.12.2024 - 13:30

Роботика
Бостон Дајнамикс (Boston Dynamics), компанијата за напредна роботика позната по видеата со прикази на нивните роботи што изведуваат вознемирувачки прецизни танцови рутини, повторно изненади со видео овојпат формулирано како Божикна честитка.
Објавено на 26.12.2024 - 11:45

Информатика
Најсовремен систем на камери што користи вештачка интелигенција за да помогне во откривањето на возачи кои не можат да го контролираат своето возило, се тестира во регионите на Корнвол и Девон овој декември. Системот е опишан како прв во светот кој детектира возачи кои пиеле.
Објавено на 25.12.2024 - 12:00

Pages