Неодамна во списанието International Journal of Medical Sciences беше објавен труд со наслов “Risk of acute kidney injury and mortality in patients vaccinated against COVID-19”. Анализирани се медицинските записи на 2,9 милиони Американци и најдено е дека mRNA вакцините (Фајзер, Модерна) и вакцината со вирусен вектор (Џенсен) се поврзани со зголемен ризик од акутно бубрежно оштетување и дијализа. Додека вакцинираните со Модерна имале 18% помала смртност од невакцинираните, шокантен е резултатот дека вакцинираните со Фајзер завршиле со 20% поголема смртност во однос на невакцинираните.
За поврзаноста на mRNA вакцините со зголемен ризик од воспаление на срцето, ковид инфекции и рак, објавени се неколку статии во Емитер (овде, овде и овде). Во овој текст, ќе дадеме краток преглед на студија со 2,9 милиони Американци која ги поврзува mRNA вакцините (Фајзер, Модерна) и вакцината со вирусен вектор (Џенсен) со зголемен ризик од акутно бубрежно оштетување и дијализа. Додека вакцинираните со Модерна имале 18% помала смртност од невакцинираните, шокантен е резултатот дека вакцинираните со Фајзер биле со 20% поголема смртност од која било причина во однос на невакцинираните.
Пред помалку од еден месец, во списанието International Journal of Medical Sciences беше објавен труд со наслов “Risk of acute kidney injury and mortality in patients vaccinated against COVID-19”. Обработени се медицински записи со над 100 милиони американски пациенти пришто со помош на статистичката метода propensity score matching (PSM) спарени се точно 1 454 791 вакцинирани со ист толкав број на невакцинирани пациенти. Целта на оваа метода е да се емулира рандомизирана студија имајќи на располагање само ретроспективни податоци за да може вакцинираната група да се спореди со невакцинирана група со максимално изедначени почетни карактеристики. Почетните карактеристики опфаќаат пол, возраст, раса, долг список од коморбидитети, примани лекови, итн.
Двете групи се следени точно една година и на крајот споредени се неколку здравствени исходи:
1. Акутно бубрежно оштетување (анг. acute kidney injury)
2. Дијализа (поради бубрежно откажување)
3. Смртност од која било причина
Што е најдено?
Во групите со 1 454 791 вакцинирани и 1 454 791 невакцинирани пациенти, после една година следење, најдени се:
1. Акутно бубрежно оштетување
• 15 809 вакцинирани со акутно бубрежно оштетување
• 11 081 невакцинирани со акутно бубрежно оштетување
2. Дијализа
• 1513 вакцинирани на дијализа
• 697 невакцинирани на дијализа
3. Смртност од која било причина
• 7693 смртни случаи меѓу вакцинираните
• 7364 смртни случаи меѓу невакцинираните
Како што се гледа, вакцинираната група има поголеми стапки на акутно бубрежно оштетување, дијализа и смртност од која било причина.

Табела со збирни резултати за акутно бубрежно оштетување, дијализа и смртност за вакцинираната и невакцинираната група
После дополнително прилагодување, Фајзер е асоциран со зголемена, а Модерна со намалена смртност!
И покрај тоа што е применета PSM методата чија основна цел е селекција на две множества од вакцинирани и невакцинирани пациенти со речиси идентични статистички карактеристики, авторите на трудот решиле да употребат и Коксова пропорционална регресија на ризик заради дополнителна редукција на можните конфаундери (анг. confounders). Едноставно кажано, конфаундери се збунувачки фактори (познати или непознати) кои ги искривуваат статистичките резултати. Ова дополнително прилагодување не ја променило општата слика кај акутното бубрежно оштетување и бубрежно откажување (дијализа), но затоа дошло до спротивен заклучок за општата смртност. Имено, истражувачите дошле до резултат кој вели дека:

Табела со збирни резултати за акутно бубрежно оштетување, дијализа и смртност за вакцинираната и невакцинираната група поделени по типови на вакцини
Фајзер со 40-46% поголема смртност од Модерна, но и со 20% поголема смртност во однос на невакцинираните?!
Ако од втората табела се поделат односот на ризици (хазардниот однос HR) на Фајзер (1,2) со односот на ризици на Модерна (0,82) ќе се добие однос на ризици 1,46. Тоа значи дека вакцинираните со Фајзер имале околу 46% повисока смртност од вакцинираните со Модерна.
Ова е веќе втора студија од популациски тип која наоѓа дека вакцината на Фајзер е поврзана со поголема смртност од вакцината на Модерна. Првата студија која спореди речиси 1 милион вакцинирани со Фајзер со ист толкав број вакцинирани со Модерна во американската држава Флорида утврди дека Фајзер е поврзан со околу 40% повисока смртност од Модерна после една година следење.
Дали вакцината на Фајзер навистина ја зголемува смртноста од која било причина за 40-46% во однос на вакцинираните со Модерна и за 20% во однос на невакцинираните?