Питер Вер Хигс (Peter Ware Higgs) е англиски теоретки физичар, познат по предвидувањето на честичката која го носи неговото име – Хигс-бозон, односно како предлагач на појавата наречена нарушување на симетријата кај електрослабата теорија, со кој се опишува настанокот на масата на елементарните честички, особено осврнувајќи се на W и Z бозоните. Оваа појава истовремено ја предложиле уште неколку физичари, но денес се нарекува Хигсов механизам и го предвидува постоењето на честичката Хигсов бозон, опишана како „најбараната честичка во современата физика“.
Питер Вер Хигс е роден во Њукасл, Англија на 29 мај 1929 година. Од 1941 до 1946 г. ја посетувал гимназијата Котам во Бристол каде добил инспирација од работата на Пол Дирак — еден од основоположниците на квантната механика и поранешен ученик во училиштето. Во 1946 г., на возраст од 17 години, се запишува во to City of London School, каде во главен фокус на учење му е математиката.
Во 1947 г. се запишува на Кралскиот колеџ во Лондон (King's College London) на којшто и докторира во 1954 година. Подоцна продолжува со истражувања на Универзитетот во Единбург (University of Edinburgh) каде што и останал до крајот на својата кариера. Хигс повремено предавал и на други универзитети, како на пример, Империјал колеџ Лондон (Imperial College London) и Универзитетски колеџ Лондон (University College London).
Во 60-тите години од минатиот век Хигс, заедно со други теоретски физичари, предложи механизам којшто на честичките ќе им придодаде маса, иако тие теоретски (и во Универзумот) постојат само како честички без маса. Имено, во неговата теорија, која го објаснува потеклото на маса кај елементарните честички и дава директна врска меѓу слабата нуклеарна сила и електромагнетната сила, Хигс го предвидува постоењето на Хигс-бозон. Додека носители на електромагнета сила се фотоните кои се честици без маса, носители на слабата нуклеарна сила се честиците нарачени W и Z кои имаат маса. W и Z честиците се откриени во ЦЕРН уште во далечните 80-ти години од минатиот век, но механизмот кој им дава маса остана непознат и се чини дека Хигсовиот бозон е решението. Хигсовиот (Higgs) бозон е носител на т.н. Хигсово поле. Во интеракција со субатомските честички ја креира големината на нивните маси. Основната идеја била дека сите честички стекнуваат маса во интеракција со сеприсутното поле, наречено Хигсово поле.
На 4 јули 2014-та, 48 години старата претпоставка за постоењето на Хигсовиот бозон, или таканаречената „Божја честичка“, конечно доби потврда. Откривањето на Хигсовиот бозон, на физичарите им овозможи да се добие точна визија за потеклото на масата на материјата, да се направи пресметка за стабилноста на нашиот универзум, според сега веќе познатата маса (енергија) на наведениот бозон. Но, исто така ја поттикна хипотезата за една од најголемите мистерии во астрофизиката – отсуството на антиматеријата во до денес познатиот универум. Повеќе за хигс-бозонот и хигсовото поле во ЕМИТЕР може да најдете и да прочитате тука
Во 2013 година Питер Хигс, заедно со Франсоа Англер, ја освои Нобеловата награда за физика за теоретските откривања на механизмот кој придонесува да го разбереме потеклото на масата од субатомските честички, и за недамнешното негово потврдување преку откритието на предвидената фундаментална честичка, преку експериментите со ATLAS и CMS во CERN-овиот голем хадронски судирач. Покрај ова највисоко научно признание, за кое бил предложен од Стивен Хокинг, Хигс е добитник и на низа други големи признанија и почести меѓу кои Хјузовиот медал од Кралското друштво (1981), Радерфордовиот медал од Институтот за физика во Лондон (1984), Дираковиот медал за извонредни придонеси за теориската физика од Институтот за физика во Лондон (1997), Наградата за физика на високоенергетски честици од Европското физичарско друштво (1997), Волфовата награда за физика (2004), медалот „Оскар Клајн“ од Кралската шведска академија на науките (2009), наградата Џ. Џ. Сакурај на Американското физичарско друштво за теориска честична физика (2010) и посебниот пригоден Хигсов медал од Кралското друштво во Единбург (2012).
Питер Хигс почина на 8 април оваа година, на возраст од 94 години.