Со поместувањето на ракетата Space Launch System од хангарот до лансирната рампа, започна мисијата Артемида I, што вселенскиот брод Орион треба да го однесе во орбита околу Месечината.
Во 3:55 часот наутро на 17 август (по македонско време), SLS го започна своето патување кое ќе ја однесе од хангарот High Bay 3, каде што таа беше склопена и каде што беа проверени сите нејзини делови, до лансирната рампа. Во старт имаше задоцнување од неколку часа, поради силното невреме што го погоди Кејп Канаверал, па техничарите на НАСА претпочитаа да го одложат поместувањето на лансирна рампа за ракетата за да спречат таа да биде погодена од гром.
Ова беше само еден вид мерка на претпазливост, бидејќи и ако тоа се случи во следните неколку дена, не би требало да дојде до никакво оштетување, но би повлекло одново извршување на низа системски проверки што би предизвикало понатамошни одложувања. Патувањето од 6,2 километри вообичаено трае од 8 до 12 часа, зависно од повеќе фактори меѓу кои и надворешната температура и брзината на ветерот, кој не смее да надмине 70 километри на час.
Ракетата Систем за вселенско лансирање (SLS) на НАСА, е најмоќната ракета некогаш изградена. Висока е 98 метри, а веќе е поставена на лансирната рампа 39Б на Кејп Канаверал. Лансирањето е планирано за 29 август, во 14:33 часот по македонско време, со тоа што прозорецот за лансирање ќе биде широк околу 2 часа. Ракетата ќе ја напушти Земјата упатувајќи го вселенскиот брод Орион кон орбитата на Месечината, како дел од мисијата Артемида I.
Во бродот нема да има човечки екипаж, туку три кукли-манекени со помош на кои ќе бидат добиени повеќе отчитувања за тоа што се случува во внатрешноста на бродот, во патничката кабина. Повеќе за мисијата Артемида 1 тука и тука
Јужниот Пол на Месечината снимен со окото на мисијата Клементина
На помалку од десет дена пред првиот пробен лет без човечки екипаж, НАСА најави дека денес ќе ги обзнани и најповолните локации на површината на Месечината што ќе бидат земени предвид како места за слетување на првата човечка мисија од крајот на мисииите Аполо до денес, поточно по мисијата Аполо 17 од 1972 година
Мисијата Артемида 3 што ќе го врати човекот на површината на Месечината, овојпат со цел да оствари трајно присуство, е планирана за 2025 година.