Рубрика: Астрономија и астронаутика
Познат датумот на лансирање на мисијата Артемида I
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 26.07.2022 - 14:00

Подгответе се за полетување – НАСА го објави датумот на лансирање на мисијата Артемида I. Правец во орбита на Месечината. Неколку круга пред враќање назад на Земјата :)

Најавата за лансирање на мисијата Артемида I следи по генералната проба направена на 20 јуни којаштo вклучуваше тест за полнење на резервоарите од SLS* ракетата со течно гориво. Притоа беше забележано истекување на течен водород од резервоарот на SLS ракетата, но и покрај овој проблем во НАСА процениле дека мисијата ќе добие залено светло и ќе биде лансирана кон крајот на август.

Беа објавени 3 можни датуми за лансирање во кои условите за оваа мисија ќе бидат најповолни – 29 август, 2 септември и 5 септември 2022 година.

Мисијата Артемида I (Artemis 1) ќе биде првиот чекор пред долгоочекуваното враќање на астронаутите на Месечината. При првиот лет од мисијата нема да има астронаути во всленскиот брод. Имено, се работи за прв лет при кој ќе ги комбинира новата SLS ракета и капсулата Орион. Планирано е лансирањето да се случи од лансирната рампа 39B во вселенскиот центар Кенеди во Флорида, истата лансирна рампа од кадешто беше лансирана и мисијата Аполо 10. Вселенското патување на капсулата ќе трае 4 до 6 недели и ќе го однесе Орион во орбита околу Месечината. Од неговото лансирање, леталото ќе отпатува на оддалеченост од приближно 400 000 километри од Земјата и речиси 70 000 километри подалеку од Месечината.

Текот на мисијата Артемида I. Леталото Орион ќе биде лансирано, без екипаж, со SLS ракетата.  Илустрација: NASA

Ова ќе биде прв пат едно вселенско летало коешто треба да прими патници да отиде толку далеку во вселената. Крајот на мисијата треба да заврши со враќање на бродот на Земјата со слетување во Тихиот Океан.

Повторното освојување на Месечината и првата прошетка на астронаутите на нејзината површина треба се случи веќе во 2025 година со мисијата Артемида III. Но, како што веќе одамна се знае, мисијата Артемида е само чекор во еден уште поамбициозен проект со којшто е планирано човештвото да ги направи првите чекори на Марс. Но засега од НАСА нема попрецизна временска рамка со датум за тоа кога ќе се случи тоа, бидејќи за многу работи ќе влијае текот на мисиите Артемида.

Генерална проба за SLS ракетата пред закажаното лансирање на мисијата Артемида Фото: НАСА

За потсетување, со мисијата Артемида I и вие добивте можност за виртуелно да направите круг околу Месечината. За ова веќе пишувавме во “Испрати го твоето име на пат околу Месечината”. Јас веќе го “резервирав” моето место. Колкумина од вас ќе патуваат со мене?

 

*Space Launch System – систем за лансирање во вселената

Клучни зборови:
Генерална проба за SLS ракетата пред закажаното лансирање на мисијата Артемида

Генерална проба за SLS ракетата пред закажаното лансирање на мисијата Артемида 

Текот на мисијата Артемида I. Леталото Орион ќе биде лансирано, без екипаж, со SLS ракетата.

Текот на мисијата Артемида I. Леталото Орион ќе биде лансирано, без екипаж, со SLS ракетата. Илустрација: НАСА