Рубрика: Астрономија и астронаутика
Фото на неделата: Млади ѕвезди во маглината Лагуна
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 13.08.2021 - 17:15

Маглината Лагуна

Објектот Месиер 8, познат и како NGC 6523 или маглината Лагуна, претставува огромен облак од гас и прашина во којшто се раѓаат sвезди.

Сместен на оддалеченост од околу 4000 светлосни години од Земјата, Месиер 8 претставува одлична можност за астрономите да ги проучуваат својствата на мошне младите sвезди. Голем број “штотуку родените” sвезди испуштаат огромни количини високоенергетска светлина, вклучително и Х-зраци, што може да се забележи во податоците на добиени од телескопот Чандра (на сликата прикажани во розова боја). Податоците за Х-зраците се комбинирани со оптичката слика на Месиер 8 (достапна во сино-бело) добиена од опсерваторијата Маунт Лемон Скај Центар во Аризона.

За животниот циклус на ѕвездите може да прочитате повеќе во Раѓањето на една ѕвезда, Смртта на една ѕвезда (ЕМИТЕР 7-8/2007), Спектрални класи и класи на луминозност на ѕвездите (ЕМИТЕР 10/03)

Клучни зборови:
Маглината Лагуна

Маглината Лагуна (фото: x-зрачно подрачје NASA/CXC/SAO, видливо оптичко подрачје: Адам Блок/Mount Lemmon SkyCenter/Универзитет на Аризона)