Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 13/14.2.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 14.02.2021 - 00:30

Во овој времеплов ги славиме родендените на американскиот физичар и пронаоѓач, Вилијам Шокли, на човекот кој го проби звучниот ѕид, Чак Јегер,  и на најпознатата жена-иноватор, Маргарет Најт. Покрај ова го одбележуваме денот кога е претставен компјутерот ЕНИАК, денот кога Сончевиот систем го доби првиот семеен фото-портрет, денот кога светот се прости од Руѓер Бошковиќ и денот кога конвој од автомобили застава 101 тргнува на пат кон Килиманџаро...

 

13.2.1910 – Роден е Вилијам Шокли

Вилијам Шокли (William Shockley) е американски физичар и пронаоѓач. Шокли бил раководител на истражувачка група во која биле вклучени Џон Барден и Валтер Бритен. Тројцата научници во 1947 година го создаваат транзисторот, а во 1956 година ја добиваат Нобеловата награда за физика “за нивната истражувачка дејност на полето на полуспроводниците и откритието на транзисторскиот ефект”.

Обидот на Шокли да го комерцијализира новиот дизајн за транзисторот во педесетите и шеесетите години од минатиот век делумно придонел за оформувањето на "Силиконската Долина" во Калифорнија, којашто станува (и останува) еден од најголемите центри за иновации од областа на електрониката. Во неговиот подоцнежен живот Шокли станал професор по електротехника на Универзитетот Станфорд. (Н. С.)

 

13.2.1923 – Роден е Чак Јегер

Чак Јегер (Chuck Yeager) е американски ас од Втора светска војна, тест-пилот, а подоцна и генерал на Воените сили на САД. На 14 октомври 1947 година, при контролиран хоризонтален лет на авионот Bell X-1 на височина од 13 700 метри, ја надмина брзината на звукот постигнувајќи мах-1 и стана првиот човек кој леташе побрзо од звукот. Повеќе за Чак Јегер може да прочитате тука (Н. С.)

 

13.2.1787 – Почина Руѓер Бошковиќ

Хрватскиот научник Руѓер Бошковиќ е познат по објавување бројни расправи од областа на математиката, оптиката, физиката и астрономијата. За разлика од Њутн, тој ги сметал просторот и времето за релативни, па според тоа, тој е познат е како предвесник на Ајнштајн.

Роден е 1711 година во Дубровник, а умира на денешен ден во 1787 година. Сестран хрватски научник. Негово поле на интерес се математиката, физиката, астрономијата, филозофијата и уметноста. Се школувал во престижни римски колегиуми. Неговите дисертации се од сферите на математиката, геофизиката, механика, оптика, астрономија и геодезија. Навистина сестран гениj. Покрај многуте филозофски расправи пишувал и поезија. Потекнувал од средно имотно семејство. Најпознато негово дело е прочуената “Теорија на природната филозофија“, каде што на оригинален начин, комплетно го изложил својот систем на природната филозофија. (П. Л.; Т. С.)

 

13.2.1980 – Основана е Apollo Computers

На денешен ден пред 40 години е основана компанијата Apollo Computers која ги создаде првите работни станици (workstation computers) – мали, но моќни компјутери кои најмногу се применуваа во инженерингот. Девет години подоцна, во 1989, Hewlett-Packard го купи Apollo за сума од 476 милиони американски долари. (З. И.)

 

14.02.1990 – Прв „семеен портрет“ на планетите од Сончевиот систем

Итајќи кон работ на Сончевиот систем на 14.02.1990 година американското летало „Војаџер 1“,во период од 4 часа сними и испрати серија од фотографии од Сончевиот систем кој го напушташе. Со комбинирање на 60 од нив фотографи беше изработен првиот „семеен портрет“ на Сонцето и планетите од сончевиот систем. Поточно на дел од нив. На мозаикот, Сонцето се гледа како ѕвезда, а планетите како точки кои орбитираат околу неа. Меркур била преблиску до Сонцето за да биде видлива, а Марс и Плутон премали за да се забележат на фотографијата. Благодарение на оваа уникатна можност на леталото „Војаџер“ кое веќе одамна е во меѓуѕвездениот простор, овој портрет може долго време да биде единствен снимен од ваква перспектива. (Г. П.)

 

14.2.2005 – Регистриран е YouTube

На денешен ден пред 15 години Стив Чен (Steve Chen), Чад Харли (Chad Hurley) и Џод Карим (Jawed) го регистрираат вебсајтот YouTube како платформа за споделување на видеоматеријали. Сајтот доживува огромна популарност со повеќе од една милијарда посети секој месец. (Н. С.)

 

14.2.1876 – Александер Грахам Бел аплицира за патент за телефонот, како и Елиша Греј

Во ист ден до Канцеларијата за патенти на САД, Бел (Alexander Graham Bell) аплицира со патентот “Подобрувања во Телеграфијата”, а Греј (Elisha Gray) поднесува извештај за патент за пренос на човечки глас низ телефонско коло. Канцеларијата го известува Греј за совпаѓањето меѓу неговиот извештај и апликацијата на Бел. Греј решава да го повлече извештајот. На Бел му е доделен патент со број 174 465 (Д. М.)

 

14.2.1838 – Родена е Маргарет Најт

На овој ден во 1838 година во САД, родена е најпознатата женска иноваторка Маргарет Најт (Margaret E. Knight). Во иноваторските кругови е позната под прекарот “Лејди Едисон“. Нема сомнение, гордост на женскиот род на полето на иноваторството. Нејзиниот најголем официјално познат изум е хартиената торба со квадратно дно. Работела во фабрика за хартиени производи и таму темелно го проучувала начинот на производство и технологијата, од што произлегуваат низа нејзини изуми. Има и редица корисни иновации на полето на машинството. Била со нежно здравје и умрела од воспаление на белите дробови и проблеми со жолчката во 1914 година. (Т. С.)

 

14.2.1946 – Претставен е ENIAC

На Универзитетот на Пенсилванија, САД, е претставен ENIAC (Electronic Numerical Integrator And Computer), првиот електронски компјутер кој ги извршуваше операциите со електронска брзина, без да биде забавуван од механички делови.
ENIAC извршуваше 5000 операции во секунда, што е 1000 пати побрзо од неговите современици.

Импресивен и по големината, не само по брзината, зафаќаше површина од 139 м2, тежеше само 30 тони и се состоеше од 18000 вакуумски цевки. (З. И.)

 

14.2.1975 – Конвој од “стојадинки” тргнува кон Килиманџаро

Пред точно 45 години, пет нови автомобили од возилото Zastava 101, сите со црвена боја, ги стартуваа нивните мотори во Крагуевац и се упатија кон планината Килиманџаро во Танзанија. Четири од возилата беа без задни седишта додека петтото беше модел од сериско производство. Експедицијата измина пат долг илјадници километри, поминувајќи низ неколку земји – Грција, Египет, Кенија, Уганда и Танзанија. Успехот на овој подвиг е огромен ако се има предвид дека во денешни услови ова патување е неизводливо. Имено поради влошената безбедносна состојба во Африка оваа рута не ја надлетуваат ниту комерцијалните патнички авиони, а уште помалку е возможно таа се помине со возило. (Н. С.)

Клучни зборови:
Американскиот пронаоѓач Вилијам Шокли

Американскиот пронаоѓач Вилијам Шокли

Американскиот пронаоѓач Вилијам Шокли

Американскиот пронаоѓач Вилијам Шокли

Чак Јегер – првиот човек побрз од звукот

Чак Јегер – првиот човек побрз од звукот

Чак Јегер – првиот човек побрз од звукот

Чак Јегер – првиот човек побрз од звукот

Портрет на Руѓер Бошковиќ

Портрет на Руѓер Бошковиќ

Првите работни станици

Првите работни станици 

Семеен портрет на Сончевиот систем

Семеен портрет на Сончевиот систем

Земјата 'фатена' во сноп сончева светлина, фотографирана од сондата Војаџер

Земјата 'фатена' во сноп сончева светлина, фотографирана од сондата Војаџер

Првот успешен телефонски пренос на разбирлив и чист говор било зборувањето на Бел во неговиот уред до партнерот Томас Ватсон

Првот успешен телефонски пренос на разбирлив и чист говор било зборувањето на Бел во неговиот уред до партнерот Томас Ватсон

Маргарет Најт

Маргарет Најт

ENIAC, првиот електронски компјутер зафаќал површина колку еден голем стан, речиси 140 метри квадратни

ENIAC, првиот електронски компјутер зафаќал површина колку еден голем стан, речиси 140 метри квадратни 

Конвојот од застави во Африка

Конвојот од застави во Африка