Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 24.2.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 24.02.2020 - 12:00

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

24.2.1304 – Роден е Ибн Батута

Познатиот муслимански берберски марокански научник, патеписец и истражувач Ибн Батута (Ibn Battuta) е роден на денешен ден во 1304 година. Го пропатувал речиси целиот средновековен свет. Во текот на три децении, Ибн Батута ги посетил повеќето исламски земји, како и многу немуслимански земји, вклучувајќи ја и средна Азија, југоисточна Азија, Индија и Кина – значи целиот познат свет во тоа време. Пред крајот на својот живот ги диктирал своите сеќавања од патувањата, и така настанала прочуената книга “Подарок за оние кои размислуваат за необичните градови и необичните патувања“. (Т. С.)

 

24.2.1582 – донесен декрет за примена на грегоријанскиот календар

Папата Гргур (Gregorius) XII ги коригираше грешките од јулијанскиот календар преку носење одлука за прескокнување на 10 дена во октомври. Имено со декретот Inter Gravissimas, меѓу другото, се уредува дека истата 1582 година, по 4 октомври ќе следува датумот 15 октомври. Со втор декрет било уредено и додавањето на 1 ден во престапните години.

Во тоа време кога религијата и дрежавата имаа тесна соработка, новиот грегоријански календар беше прифатен од земјите коишто имаа доминантна католичка вериосповед, а постепено неговата примена се прошири и помеѓу другите нации и земји. Поопширно за грегоријанскиот календар ЕМИТЕР пишуваше во Емитер 7-8/2008 – “Календарите низ историјата на човештвото (3): Грегоријански календар”. (Н. С.)

 

24.2.1955 – Се роди Стив Џобс

За Стив Џобс, ко-оснувачот на Apple веќе нема што не е напишано. Покрај тоа што бил соосновач и директор на Епл, во периодот од 1986 до 2006 година, Џобс бил директор на студиото за анимирани филмови Пиксар, а откако во 2006 година  Дизни го купи Пиксар година, бил и еден од членовите на акционерскиот одбор на Дизни.

Ликот и однесувањето на Џобс допринеле кон создавањето на митот за невообичаени ексцентрици и бизнисмени од Силициумската долина. Тој се залагал за промовирање на значењето на дизајнот и естетиката кога станува збор за креирање на продукти. Неговиот елан за развивање на продукти кои се функционални, но истворемено и елегантни, допринесе за создавањето на култни следбеници на неговиот лик и дело.

Кон крајот на 70тите години од минатиот век, Стив Џобс и Стив Возниак помогнаа во популаризирањето на персоналниот компјутер. Во раните ‘80, Џобс меѓу првите го сфаќа потенцијалот на графичките оперативни системи контролирани со помош на компјутерскo глувче. Откако Џобс бил протеран од акционерскиот одбор на Епл во 1985 година, тој ја основа компанијата Некст која се бави со развој на компјутерски системи наменети за образовните и деловните пазари. Во 1997 година, Епл го купува Некст и Стив Џобс повторно е назначен за директор на Епл, функција која ја држеше сè до август 2011 кога поради здравствени причини поднесе оставка. Џобс почина на 5 октомври 2011 година од рак на панкреасот.

Останува да го одбележиме денешиот ден, неговиот роденден, иако за жал веќе не е со нас.

 (З. И./ Н.С.)

 

24.2.1993 – Јапонскиот програмер Јукихиро Мац Матсумото започна да работи на програмскиот јазик Руби

Програмскиот јазик Руби беше претставен во јавноста во 1995 година. Руби е интерпретиран јазик, насочен кон објектно-ориентирано програмирање, кој комбинира синтакса инспирирана од Перл со карактеристики објектно-ориентирани кон Smalltalk. Руби е специјално дизајниран да биде поедноставен од Перл и повеќе ориентиран кон објекти од Python. Неговата главна имплементација е во бесплатниот софтвер дистрибуиран под лиценца со отворен код. Од своето постоење во 1995 година, Руби привлече посветени програмери низ целиот свет. Во 2006 година, Руби постигна масовно прифаќање. Со активни групи на корисници формирани во најголемите градови во светот и многу конференции посветени на Руби исполнети со голем капацитет.

Ruby-Talk, примарен мејлинг-список за дискусија на јазикот на Ruby, се искачи на просек од 200 пораки дневно во 2006 година. Во последните години се намалил, бидејќи големината на заедницата ја турка дискусијата од една централна листа во многу помали групи. Руби е рангиран меѓу првите 10 на повеќето индекси што го мерат растот и популарноста на програмските јазици ширум светот (како што е индексот ТИОБЕ). Голем дел од растот се припишува на популарноста на софтверот напишан во Руби, особено веб-рамката Ruby on Rails.

Руби бил исто така потполно бесплатен. Не само бесплатно, туку и бесплатно за употреба, копирање, модификација и дистрибуција. (И. З.)

Клучни зборови:
Графика на којашто е прикажан Ибн Батута

Графика на којашто е прикажан Ибн Батута 

Декретот со којшто се наложува примената на Новиот календар

Декретот со којшто се наложува примената на Новиот календар

Стив Џобс

Стив Џобс

Примена на програмскиот јазик Руби

Примена на програмскиот јазик Руби