Рубрика: Информатика
Дигиталната претпазливост помага за заштита на децата од Интернет закани
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 05.12.2019 - 15:00

Одлуката кога треба да им дадете на вашите деца Интернет независност е една од најголемите дилеми со коjашто може да се соочи современиот родител. Кога гледате на Интернетот просторот како родител, ви се чини дека на секој чекор вашето дете го демнат нови закани – несоодветни содржини, обиди за измама за кражба на идентитетот, обиди за несоодветни контакти од постари лица и што уште не...

Па затоа и не нè изненадува фактот што дури 84% од родителите ширум светот се загрижени за безбедноста на нивните деца. Но, како што веќе пишувавме тука истражувањата од Касперски открија дека голем процент од  родителите минуваат многу малку време разговарајќи со своите деца за Интернет безбедноста. А, сепак, родителите треба да се осигураат дека нивните деца ќе бидат безбедни од заканите што демнат во Интернет просторот, од  опасност од непознати па сè до сајбер-насилство.

Новото глобално истражување од Касперски откри дека кога станува збор за Интернет-безбедноста, некои родители претпочитаат да се заштитат отколку да му веруваат на расудувањето на нивното дете. Иако повеќе од две третини (67%) од родителите барем донекаде се согласуваат дека нивните деца се целосно запознаени со ризиците во Интернет просторот, околу половина се претпазливи и користат разни алатки и практики за да се осигурат дека нивните деца се безбедни додека користат Интернет.

Во време кога децата на возраст меѓу седум и дванаесет години имаат пристап до многу од дигиталните услуги што ги користат и нивните родители, како што се веб-страници за видео-стриминг или други дигитални алатки, изложеноста на многу веб-закани и ризици може да влијае на ставовите на децата кон Интернетот. Многу од родителите се свесни за тоа и сакаат да комуницираат со своите деца за начините на коишто може да се избегне евентуалната опасностит.

Постојат докази дека водењето отворени дискусии помеѓу детето и родителот за безбедно сурфање на Интернет е ефикасно. Затоа, две третини (67%) од родителите барем донекаде се согласуваат дека нивните деца се целосно запознаени со ризиците на Интернетот. Покрај овие значајни дискусии, родителите би можеле да бидат поттикнати да преземат и поактивен пристап за да дознаат што нивните деца гледале на Интернет.

На пример, половина од родителите (50%) рачно ги проверуваат уредите на нивните деца, со преглед на историјата на пребарување на прелистувачите. Ова може да биде резултат на тоа што нивното дете претходно криело активност на Интернет или не ги послушало родителските совети. Некои родители ја користат техниката на “дигитално казнување“, каде им забрануваат на своите деца да користат уреди ако се однесувале спротивно на правилата. Половина од родителите (52%), на своите деца им утврдуваат временски рокови за употреба на уредите поврзани на Интернет. Повеќе од третина (35%) имаат инсталирано родителски контроли на уредите на нивните деца со цел да ја забранат или да ја ограничат употребата на Интернет или опциите за сурфање. Речиси третина од родителите (30%) користат вградени родителски контроли, како оние што се наоѓаат во конзолите за видео игри, за да ги чуваат своите деца безбедни. Слично на тоа, 30% исто така ги користат поставките во семејни рутери за Wi-Fi за да го исклучат пристапот до Интернет по одреден временски период.

“Бидејќи речиси секое дете сега има пристап до уред поврзан со Интернет, постои веројатност дека тие ќе наидат на несоодветна содржина или ќе бидат засегнати од закана од Интернет – како што е зближување со детето со лоши намери (grooming) или кражба на идентитет. Нашето истражување покажува дека родителите се разбирливо загрижени затоа што семејните разговори и совети можеби не се секогаш доволни за да се осигурат дека нивните деца се свесни за ризиците од сурфањето на Интернет; многу родители исто така користат апликации за контрола на содржината и времето поминато на уредите. Ги охрабруваме родителите да ги тргнат сите претпоставки што можеби да ги имаат во врска со Интернет навиките на нивните деца на страна и да имаат отворен дијалог со своите деца за потребата да ги контролираат нивните дигитални активности и безбедноста на Интернет, затоа што тие не можат намерно да се сретнат со штетните содржини“, вели Мирослав Корен, генерален директор за Источна Европа во Касперски.

За да им помогне на родителите да ги заштитат децата и остатокот од семејството од закани преку Интернет, Касперски препорачува:

  • Усвојување на автоматско блокирање на уредот со што се контролира времето што вашето дете го поминува на нивниот компјутер, паметен телефон или таблет. Услугата истовремено ги спречува децата да го поминуваат целото слободно време пред екран и може да се постави време кое сметате дека е прифатливо.
  • Социјалните медиуми се дел од личниот простор на детето, така што следењето на нивното однесување во Интернет просторот би можело да се сфати како нарушување на приватноста – што особено е случај кај постарите деца. Едноставно побарајте да бидете вклучени за да можете подобро да ги разберете нивните интереси и да воспоставите поблиска врска.
  • На децата ретко им се допаѓа да зборуваат со родителите за содржините што тие ги споделуваат на социјалните медиуми. Најдоброто нешто што треба да направите е да разговарате за тоа како тие го користат медиумот, без да критикувате или да вршите притисок, а да понудите совети за тоа како внимателно да воспоставуваат нови пријателства или врски.
  • Со претплата на семејното издание на Kaspersky Security Cloud, родителите можат да имаат корист од низа карактеристики за да го одржуваат целото семејство безбедно на Интернет. Услугата вклучува  Kaspersky Safe Kids – која е специјално дизајнирана за да го заштити користењето на Интернет на децата и да ги заштити приватните податоци.

Повеќе за стравовите, најчестите закани, искуства и тактики во поглед на интернет безбедноста на децате,може да дознаете од извештајот на Касперски Лаб.

За сите прашања во врска со производите на Касперски Лаб може да се обратите до Кабтел (www.kabtel.mk), партнер на Касперски Лаб во Македонија.

Клучни зборови: