Новото глобално истражување на Kaspersky ги откри предизвиците скриени зад ограничените семејни разговори за интернет безбедноста. Дури 84% од родителите се загрижени за онлајн безбедноста на нивното дете, но не издвојуваат време да зборуваат за неа.
Според последното истражување, нарачано од Касперски и спроведено од компанијата за истражување на пазарот Саванта, дури 84% од родителите ширум светот се загрижени за безбедноста на нивните деца. А сепак, родителите во просек поминувале вкупно 46 минути разговарајќи со своите деца за Интернет безбедноста, во текот на целото нивно детство! Повеќе од половина (58%) од анкетираните поминуваат помалку од 30 минути за дискутирање на темата, што е половина од времето на еден стандарден училишен час.
Приватноста и безбедноста на децата на интернет стануваат едни од најистакнатите грижи на родителите. Овие грижи се мошне оправдани ако се има предвид истражувањето на Касперски, кое вели дека, на глобално ниво, речиси 9 од 10 деца од седум до дванаесетгодишна возраст имаат уред за со Интернет пристап – паметен телефон или таблет.
Исто така, речиси 2 од 3 родители (64%) се согласуваат дека нивните деца поминуваат премногу време на Интернет, што не значи само дека ги заменуваат вообичаените детски радости и придобивки за време поминато пред екранот, туку и дека се постојано изложени на различни потенцијални ризици.
Најопасни интернет закани, според родителите, претставуваат изложеноста на штетна содржина, како што е сексуална или насилна (27%); зависноста од интернет (26%); и примањето анонимни пораки или содржини што ги поттикнуваат да вршат насилна или несоодветна активност (14%).
За да се намалат потенцијалните ризици и да се објаснат опасностите од сурфање на интернет, 81% од родителите велат дека родителите и училиштата имаат заедничка одговорност да ги подучат децата за безбедносните ризици на Интернетот. Додека, пак, 86% веруваат дека родителите се во подобра позиција да го направат тоа, затоа што, генерално, децата повеќе им веруваат.
Покрај признавањето на родителите дека им е тешко да ги упатат своите деца и дека трошат помалку од еден час правејќи го тоа, истражувањето на Касперски објаснува дека на родителите ваквите разговори им се тешки. Родителите ги навеле и најголемите предизвици при водењето вакви разговори:
– Објаснување на заканите на начин којшто децата ќе можат да го разберат и да го почувствуваат како свој (60%)
– Да ги натераат децата сериозно да ги сфатат заканите (51%)
– Разубедување на децата за потребата да му се потчинат и/ или да им се влее самодоверба да не потклекнат под притисокот од врсниците (42%)
Ема Кени, водечки психолог и ТВ и радио-презентер, за ваквите наоди вели:
“И покрај тоа што е сосема разбирливо родителите да не сакаат нивните деца да се плашат од тоа да сурфаат на интернет, од особена важност е ова да не значи дека тие треба да имаат опуштен став кон интернет безбедноста. Клучен е балансот, а информираното дете е безбедно дете. Со уривање на комуникативните бариери во врска со интернет безбедноста и онлајн етикетата, родителите ќе обезбедат услови нивните деца да го извлечат најдоброто од нивниот сајбер-живот, истовремено чувствувајќи сигурност во поглед на однесувањето на нивното дете кога тоа е онлајн. Децата треба да бидат заштитени, а родителите можат да го направат ова, прво, едуцирајќи се за страниците што нивните деца ги посетуваат, поминувајчи време со децата додека тие сурфаат на интернет, и, второ, со тоа што ќе обезбедат сигурно решение коешто ги заштитува нивните деца од случаен пристап кон несоодветен или кон навредлив материјал“.
Јасно е дека родителите треба да применат повеќе личен, вербален пристап за создавање на побезбедни Интернет искуства и да ги користат алатките што им стојат на располагање а кои можат да им помогнат ги започнат овие разговори.
Согласувајќи се со Ема, Мирослав Корен, генералниот директор за Источна Европа при Касперски, вели: „За жал, мора да прифатиме дека интернетот им овозможува на децата да се сретнат со содржина којашто никогаш не сакаме да ја видат. Загриженоста околу приватноста и безбедноста сега се први во мислите на родителите, а знаеме колку понекогаш е тешко да се зборува за овие проблеми со децата, за тие да ве сослушаат и да не го отфрлат тоа што го слушаат. Затоа Касперски е посветен на воведувањето решенија и препораки за целото семејство коишто ќе им обезбедат на родителите и на децата спокојство“.
Со цел да им помогне на семејствата да ги заштитат децата од разни интернет закани, Касперски препорачува:
– Ако знаете што вашето дете бара на интернет, можете да му понудите помош и поддршка, но внимателно користете ги информациите
– Разговарајте со вашите деца во врска со тоа колку време можат да поминат на социјалните мрежи. Обидете се да ги убедите вашите дете да не ги користат социјалните мрежи за време на училишните часови или ноќе.
– Обидете се да не го ограничувате социјалниот круг на вашето дете, но сепак укажете им внимателно да ги избираат пријателите и познаниците.
– Претплатете се на Семејното издание на Kaspersky Security Cloud Услугата ја вклучува и опцијата Kaspersky Safe Kids и помага во чувањето на вашите семејни и приватни податоци, а дополнително ги заштитува вашите деца во интернет сферата и пошироко.
Повеќе за стравовите, најчестите закани, искуства и тактики во поглед на интернет безбедноста на децате,може да дознаете од извештајот на Касперски Лаб.
За сите прашања во врска со производите на Касперски Лаб може да се обратите до Кабтел (www.kabtel.mk), партнер на Касперски Лаб во Македонија.