Читајќи ги овие вознемирувачки вести за микропластиката во вашата храна, можеби ќе паднете во искушение да се утешите со филџан чај. Хммм... Со овој потег може да голтнете уште малку дополнителна микропластика.
Имено, истражувањето што неодамна беше објавено во Environmental Science & Technology открива дека практично спакуваниот чај, стокмен во свилени кесички, може да испушти и милијарди пластични честички во една шолја. Истражувачите откриле дека потопувањето на овие, во основа, пластични кесички со чај во топла вода резултира со ослободување на сразмерно поголем број пластични микрочестички споредено со количината присутна во други видови на храна и на пијалоци.
Научниците не се сигурни дали овие честички претставуваат ризик за ‘чајопиите’, пред сè поради тоа што досега биле спроведени сосема мал број истражувања што ги испитуваат ефектите на микропластиката врз здравјето на луѓето. Од друга страна, пак, кога водени болви биле изложени на вода загадена со микропластика, тие започнале некоординирано и брзо да пливаат.
Истражувачите не испитувале и не се осврнуваат дали и колку микроластика може да се најде во чајот приготвен на “старински” начин, со чајник.