Информатика
Во вторникот биткоинот ја надмина вредноста од 43 000 американски долари, за првпат од април 2022 година. Цената на биткоинот се зголеми за речиси 4% на 43 478,00 американски долари. Во еден момент, монетата се тргуваше дури и до 43 977,40 американски долари.
Објавено на 06.12.2023 - 13:45

Медицина
Тим истражувачи од Универзитетот Дјук развија метод за проширување на досегот на CRISPR технологиите. Ако оригиналниот CRISPR систем можеше да таргетира само 12,5% од човечкиот геном, новиот метод го проширува пристапот до речиси секој ген за потенцијално таргетирање и лекување на поширок опсег на болести со инженеринг на геномот. Во истражувањето биле вклучени и научници од Универзитетот Харвард, Технолошкиот институт во Масачусетс, Медицинскиот факултет при Универзитетот во Масачусетс, Универзитетот во Цирих и Универзитетот Мекмастер, а резултатите се објавени денес во Nature Communications.
Објавено на 05.12.2023 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Индиската вселенска агенција (ISRO) постигна историски, но неочекуван подвиг со повторното поставување на погонскиот модул од нивната лунарна сонда во орбитата на Земјата. Потфатот, кој иако првично не беше предвиден, беше успешно завршен и претставува важна пресвртница како за ISRO, така и за вселенските истражувања, воопшто.
Објавено на 05.12.2023 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Кон крајот на јули оваа година, астероидот 2023 NT1 со пречник од околу 30-60 метри пролета крај нашата планета, поминувајќи на една четвртина од растојанието помеѓу Земјата и Месечината, т.е. на приближно 95 000 километри. Ако нѐ погодеше, експлозијата на астероидот ќе беше околу три пати посилна од онаа што се случи во Челјабинск, Русија, во 2013 година, настан во кој имаше околу илјада повредени и кој нанесе значителна штета на инфраструктурата. Имаме ли можност да се одбраниме и од вакви закани?
Објавено на 04.12.2023 - 16:45

Историја и археологија
На 10 јули 1943 година, некој месец по пресвртниците на источниот и африканскиот фронт и речиси една година пред искрцувањето на Нормандија, сојузничките вооружени сили ја започнале операцијата Хаски – искрцување на брегот на Сицилија. При оваа воена операција младиот американски пилот Гилберт Халдин Мајерс, заедно со екипаж од пет лица, го напуштил Тунис со својот бомбардер Б-25 со цел напад на аеродромот Шјака на Сицилија. Тој никогаш не се вратил во базата. По погодување на целта, авионот бил соборен од италијанската противвоздушна одбрана и паднал некаде на островот, а пилотот бил пријавен за исчезнат. Цели осумдесет години не се знаело ништо за него. Сѐ до неодамна, кога неговите посмртни останки биле идентификувани од страна на еден експертски тим.
Објавено на 04.12.2023 - 13:00

Автомобилска техника
Вчера попладне по американско, или во доцните вечерни часови по наше време, Tesla ги испорача првите 10 сериски изработени Cybertruck камионети на клиентите. Целиот настан беше емитуван во живо на платформата X. Демо видеото прикажуваше снимки од Cybertruck како праши низ пустелии, вклучително и нешто што требаше да наликува на површината на Марс. Маск излезе на сцената со речиси половина час задоцнување, првично изложувајќи ја презентацијата од задниот дел на камионот, со лице скриено во сенка.
Објавено на 01.12.2023 - 17:45

Историја и археологија
Извештајот од едно археолошко истражување, поставен на платформата со отворен пристап Wiley, во кој се тврди дека структура пронајдена во Индонезија е најстарата пирамида во светот, предизвика лавина од реакции и многу критики од некои од археолозите кои сега инсистираат на повеќе и недвосмислени докази за ова тврдење. Сензационалното истражување заклучува дека постои пирамида која се наоѓа под праисториската локација Гунунг Паданг во Западна Јава, Индонезија, која можеби била изградена пред 27 000 години. Ова би значело дека таа е многу постара од првата египетска пирамида, Џосеровата пирамида изградена пред 4600 години. Исто така, тоа би значело дека оваа градба настанала пред најстарата позната мегалитска локација Гебекли Тепе во Турција, која била изградена пред околу 11 000 години!
Објавено на 01.12.2023 - 16:15

Енергетика
Претходно ги видовме финансиските анализи на разни варијанти за ПАХЕ „Чебрен“, но сувопарните бројки, доколку не се постават едни покрај други, не кажуваат многу. Сега ќе извршиме споредба на трите главни сценарија, а дијаграмите кажуваат повеќе од илјадници зборови.
Објавено на 01.12.2023 - 13:30

Информатика
Срна е првиот српски инфлуенсер со вештачка интелигенција. Таа патува низ светот и ги запознава своите следбеници со различни глетки, како што наведува на својот Инстаграм профил. Таа го привлече вниманието на многумина со своите интересни и едукативни објави. Се прашувавме кој стои зад нејзиниот профил и одговара на коментари, ChatGPT или некоја личност, но и која е нејзината цел.
Објавено на 01.12.2023 - 10:15

Електроника
Плакатот за изложбата 'Од шибер до дигитрон'
На 23.11.2023 во Техничкиот музеј „Никола Тесла“ во Загреб беше отворена изложбата „Од шибер до дигитрон – Производството на помагала за пресметување во Хрватска“. Автор на изложбата е проф. д-р Борис Халас (Boris Halasz), кој веќе подолго време работи на собирање, истражување и организирање на изложби на електронски и механички калкулатори и други помагала за пресметување. Изложбата ќе биде отворена за посетители од 24.11.2023 до 31.03.2024. Во продолжение ви го пренесуваме текстот наменет за медиумите, во врска со изложбата и придружниот каталог.
Објавено на 29.11.2023 - 16:45

Pages