Телекомуникации
Се проценува дека секојдневно 95% од податоците во светот патуваат низ речиси 1,5 милиони километри подводни оптички кабли поставени на океанското дно. Современиот живот исполнет со интернет комуникации, видео повици, стриминг достапен во секој момени, би бил сосема поинаков без оваа огромна инфраструктура. Потребата да се засити оваа глобална глад за сѐ повеќе податоци, се чини дека ќе поттикне поставување на нов кабел на место што досега се сметаше за недостапно.
Објавено на 03.04.2024 - 15:00

Екологија
Неодамна тим минијатурни дронови беше испратен во внатрешноста на радиоактивните урнатини од еден од нуклеарните реактори на Фукушима. Снимките треба да им помогнат на јапонските власти во планирање за натамошното чистење на локацијата. Ако претходно добиените слики не укажаа на тоа уште колку работа ги чека јапонците, новата снимка направена од малите роботи со сигурност ја “разјасни” ситуацијата.
Објавено на 03.04.2024 - 12:15

Информатика
Водните системи во САД сѐ повеќе се цел на кибер напади. Според американската Агенција за заштита на животната средина овие кибер напади, насочени кон американските системи за вода за пиење, се поддржани од Кина и Иран. Отатаму американските држави во трка за солидна надградба на нивните ИТ безбедносни мерки за заштита од идни инфраструктурни напади.
Објавено на 02.04.2024 - 12:30

Роботика
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Македонската секција на IEEE, ја продолжува воспоставената традиција и по четврти пат го организира натпреварот за средношколци во роботика и електроника RoboMac Junior 2024, во периодот од 22 до 25 април 2024 (со пауза на 24.4.2024, поради неработен изборен ден). Натпреварот се одржува паралелно со главниот настан – RoboMac 2024.
Објавено на 01.04.2024 - 15:00

Медицина
CAR-T ги еродира глиобластомите, агресивни и тешко третирани тумори на мозокот, за само неколку дена. Иако ефектот не изгледа дефинитивен.
Објавено на 01.04.2024 - 14:30

Информатика
Компанијата Инграм Микро, која веќе над 35 години е препознаена како глобален лидер за технологија и логистика, го проширува своето присуство во Македонија со отворање на тренинг центар што нуди комплетно портфолио на системски и софтверски курсеви со модули кои одговараат на секој метод на учење.
Објавено на 29.03.2024 - 17:00

Астрономија и астронаутика
Композитна слика од остатоците од суперновата 1181
Во 1181 година на ноќното небо се појавила ретка експлозија на супернова, која останала видлива ви текот на наредните 185 дена. Историските записи укажуваат дека суперновата изгледала како привремена „ѕвезда“ во соѕвездието Касиопеја која била сјајна исто колку и Сатурн. Оттогаш па сѐ до денес, научниците се обидуваат да го пронајдат остатокот од оваа супернова.
Објавено на 29.03.2024 - 14:30

Историја и археологија
Монети на Александар III Македонски. И по неговата смрт се ковале монети со ликот на кралот
За време на ископувањата во стариот дел на градот Ханија, на ридот Кастел на Крит биле откриени 37 монети, од кои 11 златни. Се претпоставува дека “азното” можеби му припаѓало на некој платеник кој се борел за едно од кралствата водени од наследници на Александар Македонски ги закопал.
Објавено на 28.03.2024 - 18:45

Омнибус
Д-р Зоран Хаџи-Велков, редовен професор на ФЕИТ и дописен член на МАНУ, е избран за Уредник во списанието IEEE Transactions on Communications. Ова е водечко списание на ИЕЕЕ, најголемата меѓународна организација на електроинженери, и потекнува од списанието Transactions of the American Institute of Electrical Engineers основано во далечната 1884 година.
Објавено на 28.03.2024 - 18:00

Информатика
ОпенАИ (OpenAI), компанијата што го лансираше ЧетГПТ (ChatGPT), го претстави овој месец својот систем за вештачка интелигенција способен да генерира хиперреалистични видеа преку промпт (обично барање формулирано со пишан текст). И покрај тоа што собира пофалби за идниот потенцијал, Сора поттикна загриженост за можните ризици од нејзина неетичка употреба. Имено, една ваква моќна дипфејк технологија би можела лесно да се искористи за сеење лажни вести, особено во пресрет на мошне важни изборни настани како ониешто наскоро нѐ очекуваат нас, а американците следниот ноември.
Објавено на 27.03.2024 - 17:00

Pages